Прејди на содржината

Сладолед со чоколадно тесто за колачиња

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сладолед со чоколадно тесто за колачиња — вкус на сладолед во кој непечени чоколадни парчиња тесто за колачиња се вметнати во сладолед со вкус на ванила.

Историја

[уреди | уреди извор]

Се вели дека сладоледот со чоколадно тесто за колачиња потекнува од 1984 година во првата „продавница за топки сладолед“ на Бен и Џери во Бурлингтон, Вермонт, од анонимен предлог на нивната табла за предлози за вкусови.[1] Во 1991 година, Бен и Џери почнале да продаваат големи колечини од овој вкус,кој брзо станал популарен кај потрошувачите. До 1992 година, тестото за колачиња со чоколадни парчиња сочинувал 20 проценти од вкупната продажба на сладолед на компанијата, а други производители на сладолед почнале да прават свои верзии на вкусот.[2]

Подготовка

[уреди | уреди извор]

Почнувајќи од 1990 година, „Рајно Фудс“ го произведувал тестото за колачиња што се користи во сладоледот од тесто за колачиња со чоколадни парчиња „Бен и Џери“. Тие измислиле техника за одржување на текстурата на тестото за колачиња кога е смрзнато, што основачот го опишал како „технолошки пробив“.[3]

Поради здравствените ризици од јадење непечено тесто за колачиња, тестото што се користи во сладоледот од тесто за колачиња е пастеризирано и термички обработено. Поради ова тестото не е погодно за печење.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Ben & Jerry's Most Popular Flavour Was Invented in 1984“. benandjerrys.ca. Архивирано од изворникот на 26 June 2019. Посетено на 26 June 2019.
  2. Lii, Jane H. (2 August 1992). „All About/Ice Cream; In the Cut-Throat World of Ice Cream, Flavor mania!“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 26 June 2019. Посетено на 26 June 2019.
  3. Vaughan-Hughes, Pip. „Rollin' in Dough“. vermontguides.com. Архивирано од изворникот на 13 November 2017. Посетено на 20 August 2009.
  4. Hoffman, Jan (22 November 2017). „Thanks a Lot! New Reasons Not to Eat Cookie Dough“. The New York Times. Архивирано од изворникот на 23 November 2017.