Прејди на содржината

Слагарче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гајдаџија свири на гајда со слагарче

Слагарче — помала бордунска цевка од брчалото, аерофоничен музички елемент на гајдата.[1]

Слагарчето заедно со брчалото на гајдата ѝ дава една особеност - постојана бордунска придружба која се одразува во конечната звучно-интонативна емисија. Бордунот претставува стабилна интонативна подлога. Овој вид на музика (бордунска) е особеност за одредени области во светот меѓу кои и Македонија.[2]

Доколку гајдата има слагарче, таа е тригласна. Доколку има само брчало, таа е двогласна.

Најмногу гајди со слагарче се среќаваат во Овчеполието.[2]

Слагарчето е составено од два дела кои се навлекуваат еден во друг со што овозможуваат негово скратување и продолжување со што се постигнува посакуваната висина на тонот. Првиот дел во кој што влегува писката се нарекува пискарник, вториот брчало.[2]

Слагарчето како пократко од брчалото се остава да виси.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Ангелов, Горанчо. „ИЗРАБОТУВАЊЕТО НА ГАЈДИ ВО С. ИЊЕВО ОД СТРАНА НА ИНСТРУМЕНТАЛИСТОТ ЈОВАН МИТЕВ – ВАНО“ (PDF). Посетено на 1 април 2025.
  2. 1 2 3 Ангелов, Горанчо. „НЕКОИ ТОНСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ КАЈ ГАЈДАТА“ (PDF). Посетено на 31 март 2025.

Литература

[уреди | уреди извор]