Славчо Деловски
Славчо Деловски | ||
Роден | 1923 година Велес, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 6 април 1944 година | |
Почивалиште | Градските гробишта во Скопје |
Славчо Деловски ( 1923 во Велес — 6 април 1944)— македонски партизан, учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Од Велес се доселил во Скопје и живеел во Црниче, каде дејствувал во силна партиска ќелија. Како напреден младинец бргу се поврзал и се вклучил во илегалната борба против бугарскиот фашистички окупатор. Во 1943 година бил примен во редовите на КПЈ. Развил широка политичка дејност кај младината и придобил нови приврзаници за оружената борба против окупаторот. Учествувал во растурање летоци, во кои се осудувал окупаторот и се објаснувале целите и успесите на Народноослободнтелното движење. Организирал собирање на материјали и парична помош, што се испраќала на партизаните и илегалците што работеле во Скопје.[1]
На 3 март 1944 година заминал во веќе прославената Трета македонска ударна бригада. Со Бригадата учествувал во борбите на Црна Трава, Ристовац, Пробиштип и Црн Врв. Загинал во борбите против бугарските фашистички сили, на 6 април 1944 година. Неговите останки биле погребани на скопските гробишта.[1]