Славољуб Срниќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Славољуб Срниќ во тимот на Црвена ѕвезда во натпревар против тимот на Краснодар

Славољуб Срниќ (роден на 12 јануари 1992 година) е професионален српски фудбалер кој настапува на позицијата крилен напаѓач. Тој е брат - близнак на Драгољуб Срниќ. Моментално настапува за екипата на Црвена ѕвезда од Белград.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Црвена ѕвезда од Белград[уреди | уреди извор]

Славољуб Срниќ бил создаден и обликуван како професионален фудбалер во младинската екипа на составот на Црвена ѕвезда. Некои набљудувачи и коментирачи на српскиот фудбал младиот Славољуб го нарекувале како „ученик на тренерот Огњен Короман“. Тренерот Александар Кристиќ го избрал Срниќ за да настапува за составот на Црвена ѕвезда од Белград на 6 ноември 2010 година на натпреварот од Суперлигата против екипата на ОФК Белград. Подоцна браќата Срниќ биле позајмени од екипата на Црвена ѕвезда на блискиот тим и воедно расадник за играчи, екипата на ФК Сопот. Браќата Славољуб и Драгољуб, подоцна биле позајмени на составот на Чукарички, каде што имале многу поголема минутажа, но и многу повеќе успеси.

Чукарички[уреди | уреди извор]

За времето како позајмен играч во екипата на Чукарички од составот на Црвена ѕвезда, Славољуб бил прогласен од страна на „Моцарт спорт“ за најкорисен играч во српската прва лига. По истекот на третманот како позајмени играчи, Славољуб и неговиот брат одбиле да се вратат во екипата на Црвена ѕвезда од Белград[1] и по многу проблеми во преговорите во месец јуни 2013 година сепак биле продадени на составот на Чукарички.[2]

Делумно и поради придонесите на Срниќ, екипата на Чукарички се вратила во српската прва лига во сезоната 2013-14. Токму во тој период Срниќ, дефинитивно го раскинал договорот со екипата на Црвена ѕвезда поради неисплатени финансиски обврски и станал постојан играч на клубот на Чукарички. На 6 октомври 2013 година, на натпревар помеѓу екипата на Чукарички и поранешниот клуб на Срниќ, Црвена ѕвезда, Славоњуб Срниќ остварил асистенција на само 17 секунди од натпреварот, но и постигнал гол во второто полувреме. Не случајно, по тој натпревар Славољуб Срниќ наредниот ден ја добил првата меѓународна покана во кариерата.[3]

Враќање во Црвена ѕвезда Белград[уреди | уреди извор]

На 31 август 2015 година, Срниќ се вратил во екипата на Црвена ѕвезда, потпишувајќи тригодишен договор. Тренерот на Црвена ѕвезда, Миодраг Божовиќ, преку целото лето инсистирал на враќање на Славољуб Срниќ. Вклучувајќи го и неговиот прв период во клубот, Срниќ го одиграл својот 100ти натпревар за екипата на Црвена ѕвезда Белград, на 7 мај 2018 година, во натпреварот против екипата на Војводина.[4]

Лас Палмас[уреди | уреди извор]

На 29 јануари 2019 година, Славољуб Срниќ се преселил во странство за прв пат во својата кариера, откако се согласил на договор од две години и половина со тимот од Сегунда Дивизион, УД Лас Палмас.[5] На 5 октомври наредната година, тој го раскинал договорот со клубот од Шпанија.[6]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Срниќ бил повикан од страна на тренерот Радован Ќурчиќ да го замени повредениот Лазар Марковиќ во репрезенатцијата на Србија У21. Тоа се случило на 7 октомври 2013 година за квалификаците на УЕФА за Европското првенство У21 2015 година.[3] На тој натпревар не успеал да влезе во игра и покрај директниот повик. Својот прв натпревар за репрезентацијата го одиграл на 9 септември 2014 година, во победата од 4:1 против селекцијата на Северна Ирска У21. На својот прв натпревар како стартер, Славољуб Срниќ успеал да постигне два гола.

Статистика во кариерата[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на крајот од сезоната 2020–21[7]
Натпревари, постигнати голови во различни клубови и различни сезони
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Други натпреваари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Црвена ѕвезда од Белград 2010–11 Суперлига 1 0 1 0 0 0 2 0
Сопот (како позајмен играч) 2011–12 Лига Белград 28 8 28 8
Чукарички 2012–13 (loan) Прва Лига 31 8 2 0 33 8
2013–14 Суперлига 28 3 2 0 30 3
2014–15 29 8 6 2 4 1 39 11
2015–16 6 1 0 0 4 0 10 1
Вкупно 94 20 10 2 8 1 112 23
Црвена ѕвезда од Белград 2015–16 Суперлига 27 8 1 0 0 0 28 8
2016–17 22 2 5 1 6 0 33 3
2017–18 28 4 3 1 15 4 46 9
2018–19 9 1 2 0 5 0 16 1
Вкупно 86 15 11 2 26 4 123 21
Лас Палмас 2018–19 Сегунда Дивизион 7 1 0 0 7 1
2019–20 27 0 2 0 29 1
Вкупно 34 1 2 0 36 1
Црвена ѕвезда од Белград 2020–21 Суперлига 17 0 3 0 1 0 21 0
Вкупно во кариерата 260 44 27 4 35 5 322 53

Признанија[уреди | уреди извор]

Клупски признаија[уреди | уреди извор]

Чукарички
  • Освоен е Купот на Србија: 2014–15
Црвена ѕвезда од Белград

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Srnići napuštaju Zvezdu, ne traže od kluba novac!“. telegraf.rs (Serbian). 11 June 2013. Посетено на 8 February 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Srnići povukli tužbu, Zvezda ih prodala Čukaričkom“. novosti.rs (Serbian). 20 June 2013. Посетено на 8 February 2014.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. 3,0 3,1 Sportal. „Ćurčić nagradio Srnića za gol Zvezdi“. Архивирано од изворникот на 24 June 2014.
  4. „Срнић 100 пута у Звездином дресу!“. Red Star Belgrade official website. 8 March 2018. Посетено на 25 March 2018.
  5. „Srnić is UD Las Palmas' latest signing“. UD Las Palmas. 29 January 2019. Посетено на 14 February 2019.
  6. „Srnić finaliza su relación con la UD Las Palmas“ [Srnić ends his link with UD Las Palmas] (шпански). UD Las Palmas. 5 October 2020. Посетено на 6 October 2020.
  7. „S.Srnić on Soccerway“. Soccerway. Посетено на 23 August 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]