Славко Трајаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Славко Трајаноски
Роден 1923 година
Долно Добреноец, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал април, 1945 година
Товарник, Хрватска
Националност Македонец

Славко Миланов Трајаноски ( 1923 во Долно Добреноец, Кичевско1945 во Товарник, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Како младинец се определил за борба против окупаторот. Во селото станал активен работник и извршувал одговорни партиски задачи: собирал храна и други намирници за НОВ, а во 1944 година заминал партизан во Првата македонска бригада. Со Бригадата учествувал во завршните борби во Западна Македонија, а потоа заминал на Сремскиот фронт во составот на Петнаесеттиот корпус. Загинал при пробојот на германскиот обрач кај селото Товарник во април 1945 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 138.