Славко Брезоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Славко Брезоски
Slavko-Brezovski photo.jpg
Роден(а)10 јуни 1922
Галичник, Кралство Југославија
Починал(а)7 март 2017
Скопје, Македонија
НационалностМакедонец
НаградиАндреја Дамјанов (награда)
ЗданијаЦрква „Св. Климент Охридски“ - Скопје

Славко Брезоски (10 јуни 1922, Галичник - 7 март 2017, Скопје) — македонски архитект.

Биографија[уреди | уреди извор]

Славко Брезоски дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград во 1950 година, под менторство на професорот Милан Злоковиќ. Работел како професор на Архитектонскиот факултет во периодот помеѓу 1969 и 1987, на Катедрата за проектирање општествени згради. Припаѓа на првата генерација македонски архитекти школувани во Белград и Загреб (заедно со Пота, Жупан, Пецовски, Ќосевски, Маленкова, Галиќ и Шеќерински).[1][2]

Групата Денес[уреди | уреди извор]

Славко Брезовски се приклучува кон Групата Денес во педесеттите години на XX век. Групата Денес обединува повеќе млади уметници (Белогаски, Лазески, Протуѓер, Кондовски, Грабулоски, Лозановски, Бафети) и тројца архитекти (Брезоски, Константинов и Шеќерински). Групата се залага за интeграција на ликовната уметност, архитектурата и скулптурата, и за потврдување на националниот идентитет во сите сфери на творештвото. Првата изложба на Групата Денес се случува во 1953 година.

Позначајни дела[уреди | уреди извор]

Поглед на соборната црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје
  • Станбен блок во Велес (1953 г.)[1]
  • Станбен блок на аголот на бул. „Св. Климент Охридски“ и ул. „Орце Николов“ во Скопје (1954 г.)[1]
  • Станбен блок „Хармоника“ во Скопје (1955 г.)[1]
  • Станбени кули во нас. Црниче во Скопје (1956 г.)[1]
  • Фестивалска сала под Кале во Скопје (1958 г.), со арх. Љ. Маленкова[1]
  • Работнички дом во Скопје (1958 г.)[1]
  • Стоковна куќа во Скопје (1959 г.)[1]
  • Хотел „Попова Шапка“ на Попова Шапка (1964 г.)[1]
  • Соборна православна црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје (1970 г.)[1]

Амбасадата на СФРЈ во Бразилија[уреди | уреди извор]

Зградата на амбасадата на СФРЈ во Бразилија е изградена во 1963 година. Во конкуренција од девет реномирани југословенски тимови (архитектите Равникар, Михевц, Остроговиќ, Иблер, Брашован, Рашица и Бркиќ), Брезоски ја освојува првата награда. Нејзините архитектонски квалитети се забележани и од меѓународната јавност. Историчарот на архитектура Крум Томовски вели дека за неа е објавена критика во Architectural Review која ја толкува архитектурата на Брезоски како успешно инкорпорирање на бразилскиот архитектонски дух.

Награди[уреди | уреди извор]

1993 Андреја Дамјанов Награда за архитектура.

Галериа[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Архитектурата на почвата на Македонија од средината на XIX до крајот на XX век. МАНУ, 2006.
  • Реканска Куќа: Архитектонско Наследсво во Македонија, 1993[3]
  • ЗаАрхитектонскитеРаботи, 2007[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 Христова, Анета (1995). Архитектонски Портрети Бр 1. Архитектонски Факултет Скопје: Табернакул, Еин-Соф. стр. 1.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Алексоска, Даниела; Златковска, Марија; Темелковски, Стево (1999). Десет Носители на Наградата Андреја Дамјанов. Архитектонски Факултет Скопје: Бигосс. стр. 12. ISBN 9989-44-007-7.
  3. Brezoski, Slavko (1993). Rekanska Kuќa, Arhitektonsko Nasledstvo vo Makedonija. University of Skopje Architecture: Bigoss. стр. 1.
  4. Brezoski, Slavko (2007). Za Arhitektonski Raboti. University of Skopje, Architecture: Faculty of Architecture, Skopje. стр. 1.