Славица Николовска
Славица Николовска | ||
Роден | 1948 Скопје | |
---|---|---|
Занимање | глумица |
Славица Николовска (родена во 1948 во Скопје) — македонска театарскa, филмскa и телевизискa глумица. По завршувањето на Театарската академија во Загреб, 1971 година, се вработила во Драмски театар - Скопје, каде се вклучила во работата на сите сцени, Куклениот, Детскиот, Малата и Вечерната сцена. Се истакнала пред сè како глумица од камерен тип. Нејзината глумечка игра ја карактеризира лирска боја и поетско интонирани сценски инетрпретации.
Поважни театарски улоги[уреди | уреди извор]
- Цвета – Свадба од В. Иљоски
- Џеси – Дејството на гама-зраците врз сенишните невени од Пол Зиндел
- Љубов – Чехов од Маљугин
- Вали – Стапица од Т. Ружевиќ
- Шортс – Дамите од Аламо од П. Зиндел
- Болва во уво
- Сомнително лице
- Умна глава
- Карамазови
- Фоксфаер
- Сказна за времето
- Самоубиец
- Балконот
- Чест