Славе Иванов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Славе Иванов
Роден Предлошка:14
Штип, Отоманско Царство
Починал 1948
Скопје, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање стоматолог

Славе Иванов (роден во 14 декември 1888 година во Штип - починал на 1948 година во Скопје) — македонски револуционер, припадник на ВМРО и на МФО.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Славе Иванов во Балканските војни бил секретар на војводата Иван Јанев-Брло и доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[2] Во 1914 година го убил обвинетиот србоман Стефан Дедов.[3].

По Првата светска војна емигрирал во Бугарија, влегол во ВМРО и станал близок соработник на Тодор Александров. Во 1919 година е еден од организаторите на бегството на Александров од затворот.[4]

Поради несогласувањето со Александров се повлекол од ВМРО (1921) и формирал нова организација (Македонска федеративна организација). Соработувал со земјоделската влада на Александар Стамболиски и со Кралството на СХС, поради кое бил осуден на смрт од страна на ВМРО[5]. Во јуни 1923 година заедно со Филип Атанасов бил дел од делегацијата на МФО во Москва[6]

Во 1923 емигрирал во Виена и како претставник на МФО се вклучил во ВМРО (Обединета) заедно со Филип Атанасов и Тодор Паница[7]. Участвувал во преговорите за потпишување на Мајскиот манифест во 1924 година.

Во 1948 година бил осуден од југословенските судски власти.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, ed. (2009). "Иванов". Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. стр. 584. 
  2. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 27, 893, 894.
  3. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 298. ISBN 978-608-203-023-4.
  4. Добринов, Дечо. Последният цар на планините. Биографичен очерк за Тодор Александров 1881 – 1924, Македония, София, 1992, стр. 90.
  5. Шанданов, Петър, Богатство ми е свободата, ИК Гутенберг, София, 2010, стр.114-116.
  6. Добринов, Дечо. Последният цар на планините. Биографичен очерк за Тодор Александров 1881 – 1924, Македония, София, 1992, стр. 101.
  7. Колектив. Македония история и политическа съдба, Том II, ИК Знание, София, 1998, стр.109, 119.