Славе Георгиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Славе Георгиевски
Slave Georgievski.jpg
Роден 1925 година
Скопје, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал 12 јули 1942 година
Скопје, Македонија под фашистичка окупација
Се самоубил, за да не падне во рацете на бугарскиот фашистички окупатор.
Националност Македонец

Славе Василев Георгиевски ( 1925 во Скопје12 јули 1942 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Спомен-обележје на местото каде што загина Славе Георгиевски - Шнајдерот

Потекнува од сиромашно земјоделско семејство. Уште како дете им помагал на родителите во обработувањето на земјата. Основното училиште го завршил во родниот град, но натамошното образование го прекинал поради слабите материјални можности на неговото семејство.

Во 1941 година бил примен за член на СКОЈ. Тој развил широка активност меѓу работничката младина за придобивање нови симпатизери на Народноослободителното движење, собирал народ на помош за партизаните, растурал летоци и слични логистички активности.

Летото 1942 година, Месниот комитет на КПЈ во Скопје му доверил сложена и одговорна задача. Бил одреден со група млади диверзанти да го ликвидира предавникот Мане Мачков, кој бил секогаш обезбедуван од бугарски фашистички агенти. На 12 јули 1942 година, во близината на бившото Економско училиште на споменатиот предавник Мачков, му била поставена заседа од тројка во која бил ѝ Славе. Меѓутоа, не успеале да го погодат предавникот, туку само го раниле агентот што го придружувал. Набргу потоа полицајците го опколиле, немајќи друг излез, Славе Георгиевски се самоубил со рачна бомба, за да не им падне жив во рацете на фашистите.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 45. На |first= му недостасува |last= (help)