Славе Банар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Славе Банар
Роден/а5 јануари 1954
Македонија Охрид, Македонија
ЗанимањеПисател

Славе Банармакедонски поет и раскажувач.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Д-р Славе Банар е роден на 5 јануари 1954 година, во с. Лешани, Охридско. Дипломирал на Филолошки факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој е магистер по македонска книжевност и доктор на науки од областа на книжевностите. Магистрирал и докторирал на Универзитетот во Љубљана. Работел како библиотекар, виш библиотекар и директор во Градската библиотека „Григор Прличев“ во Охрид. Сега работи како професор по македонски книжевности на Државниот универзитет во Тетово, по предметите: Македонска народна книжевност, Теорија на книжевноста, Македонска книжевност 19 век и Современа македонска книжевност. Славе Банар е член на ДПМ од 1989 година.[2][3]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • „Аквариум“ (поезија, 1983)
  • „Подземна вода“ (раскази, 1988)
  • „Златоуст“ (поезија, 1992)
  • „Словенечката книжевност на македонски јазик“(студии, 2005)
  • „Slovenska knjizevost v makedonsčini“ (2006)
  • „Pomen mednarodnega pesniškega festivala Struški večeri poezije v razvojnem loku sodobne makedonske poezije“ - FF - Ljubljana (2009)
  • „Амбар“ - поема. Награда „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2014 година. Poeta laureatis.

Во октомври 2014 година било објавено дека Славе Банар е добитник на наградата „Григор Прличев“ за поемата „Амбар“.[4]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Павловски, Јован (2004). Македонски писатели. Друштво на писателите на Македонија.
  2. Маринела Јовановиќ, Нада Филева: „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид, 2002.
  3. „Славе Банар е автор на наградената поема Амбар“, Дневник, година XVIII, број 5595, сабота-недела, 18-19 октомври 2014, стр. 17.
  4. „Славе Банар е автор на наградената поема Амбар“, Дневник, година XVIII, број 5595, сабота-недела, 18-19 октомври 2014, стр. 17.