Славе Атанасовски
| Славе Атанасовски | |
|---|---|
| Роден(а) | 1915
Охрид, Кралство Србија |
| Починал(а) | 1 април 1998 (возр. 82–83) Охрид, Македонија |
| Народност | Македонец |
| Занимање | копаничар |
| Значајни дела | во текстот |
Славе Крстанов Атанасовски – Крстанче[1] (Охрид, 1915 – Охрид, 1 април 1998 ) — македонски копаничар. Се смета за дел од „Големата охридска четворка“ резбари, заедно со Димитри Јанков, Петар Калајџиев и Наум Донев.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Крстанче е роден во 1915 г. во Охрид, тогаш во Кралството Србија. Завршил Резбарско училиште во родниот град (1935/1936), каде бил ученик на академскиот вајар Бранислав Јованчевиќ од Крагуевац (1929-1932) и на Бранко Шотра, а се усовршил во Белград кај чешкиот мајстор-резбар Антон Книха и кај резбарот-скулптор Анте Бихиќ. По Втората светска војна, тој станал наставник во Резбарското училиште во Охрид (1947–1949) и во Училиштето за применета уметност во Скопје, а потоа работел во Резбарското ателје „Андон Дуков” (1950–1962) и во Музејот на Охрид.[1]
Има изработено над 2.660 примероци резбарен мебел, копаници, икони од дрво, иконостаси, маски, розети и друго. Повеќе негови изработки се наоѓаат во Соборната црква во Скопје, во црквата „Св. Атанасиј” во Болно, Ресенско, црквата „Св. Богородица” во Калишта, Струшко, 25 дела во Музејот „25 Мај” и во Палатата на Федерацијата, во т.н. Македонска сала, во Белград. Посебно впечатливи се резбарените столбови со висина од 10,5 х 0,50 м ширина во свечената сала на МАНУ и двете розети во Палатата на Федерацијата во Белград. Од основањето, тој бил член на Здружението за применети ликовни уметници на Македонија. Имал 17 самостојни изложби.[1] Починал на 1 април 1998 г. во Охрид.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 101. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Почина познатиот охридски резбар Димче Јанко“. Ohrid News. 12 јануари 2014. Архивирано од изворникот на 2016-11-04. Посетено на 28 ноември 2025.
- ↑ Мирчески, Спасе (2006). Алманах на Република Македонија : хронологија 1998-2001 година. Киро Дандаро. стр. 12.