Прејди на содржината

Славата на Војводството Крањска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Славата на Војводството Крањска, објавена 1689 година

Славата на Војводството Крањска е енциклопедија објавена во Нирнберг во 1689 година од полиматот Јохан Вејхард фон Валвасор. Тоа е најважното дело за неговата татковина, Војводството Карњска, денешен централен дел на Словенија.[1]

Напишана на нов високогермански јазик, антологијата била објавена во четири тома, поделени на 15 книги со 3.552 страници со голем формат и 24 анекси. Раскошно илустрирана со 528 бакарни гравури, делото се однесува на историјата, географијата, топографијата, медицината, биологијата, геологијата, теологијата, обичаите и фолклорот на Крањскиот регион кој сочинува голем дел од денешна Словенија. Валвасор можел да се потпре на постари текстови, но сепак, прецизно истражената и научно издржана колекција била пионерска во тоа време. Од 2009 до 2012 година на словенечки била преведена од Дорис, Примож и Божидар Дебењак. Иницијатор, проект менаџер, уредник и технички уредник на овој издавачки проект бил Томаж Чеч.[2]

Валвасор е првиот што пишувал за човечката рипка. [3]Тој имал намера да напише еден вид патопис а не речник и затоа записите не се подредени по азбучен ред. Авторот, исто така, посипува анегдоти, бајки и песни за да ја диверзифицира композицијата. Загрижен дека аутсајдерите не го познаваат доволно добро неговиот регион, тој ја презел презентацијата на Крањска со зборови и слики, инсталирајќи работилница за бакарни плочи во неговиот замок Богеншперк во близина на Литија и објавувајќи збирки од неговите дела.

  1. Luthar, Oto (2008-01-01). The Land Between: A History of Slovenia (англиски). Peter Lang. ISBN 9783631570111.
  2. „Veliki podvig prevajanja Valvasorja je zaključen“. MMC RTV Slovenija. RTV Slovenija. 6 June 2012.
  3. Ley, Willy (February 1968). „Epitaph for a Lonely Olm“. For Your Information. Galaxy Science Fiction. стр. 95–104.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]