Прејди на содржината

Слабиот херој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слабиот херој
Плакатот на втората сезона
Изворен насловХангул: 약한영웅
Жанр
Заснована навебтунот Слабиот херој
Напишана од
  • Ју Су Мин
  • Ким Џин Сок
Режирана од
  • Ју Су Мин
  • Парк Дан Хи
Улоги
Композитор(и)Primary
Земја на потеклоЈужна Кореја Јужна Кореја
Првичен јазик
Бр. на сезони2
Бр. на епизоди16
Производство
Продуцент
  • Парк Дан Хи
  • Ју Су Мин
УредникПарк Мин Сун
Времетраење36 — 54 минути
Продукциска куќа
Прикажување
Првична мрежаWavve (2022)
Netflix (2025)
Првично прикажување18 ноември 2022 – 25 април 2025

Слабиот херој (корејски: 약한영웅; англиски: Weak Hero) — јужнокорејска телевизиска серија напишана и режирана од Ју Су Мин, во соработка со Ким Џин Сок и Парк Дан Хи, со Парк Џи Хун во главната улога. Серијата е заснована на популарниот вебтун на Naver, Слабиот херој, од авторите Сопас и Ким Џин Сок (Разен), објавен во 2018 г.[1]

Првите три епизоди премиерно биле прикажани на 27-миот меѓународен кинофестивал во Пусан, кој се одржал од 5 до 14 октомври 2022 г. Првата сезона била објавена на платформата Wavve на 18 ноември 2022 г. Втората сезона била објавена на Netflix на 25 април 2025 г.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Клас 1 (прва сезона)

[уреди | уреди извор]

Јон Си Ун е меѓу најдобрите 1 % ученици во својата генерација и не го интересира ништо освен учењето. Иако е физички слаб, тој не отстапува пред насилниците во својата училница предводени од Џон Јонг Бин. Користејќи ги своите вештини за брзо донесување одлуки, знаењето од различни училишни предмети и предметите од неговата околина, Си Ун успева да се заштити од нивната секојдневна жестокост. Но кога ќе се најде во вистинска опасност, добива помош од Ан Су Хо, најсилниот борец во класот, и О Бом Сок, измачениот син на еден пратеник. Тројцата стануваат пријатели додека се обидуваат да го преживеат средношколскиот живот исполнет со насилство, учејќи што навистина значи да се биде силен.

Клас 2 (втора сезона)

[уреди | уреди извор]

Си Ун се префрла во ново средно училиште, „Унџанг“, но сѐ уште е прогонуван од траумите на неговите минати неуспеси. Тој гради нови пријателства со Парк Ху Мин, Со Џун Те и Го Хјун Так, но набрзо мора да се соочи со уште посурова група позната како „Сојузот“. Предводена од На Бек Џин и Гум Сонг Џе, оваа група го принудува Си Ун да се спротивстави на уште поголемо насилство и опасност.

Глумец Улога
Парк Џи ХунЈон Си Ун
Чои Хјун ВукАн Су Хо
Хонг КјунгО Бом Сок
  1. Kim, Seong-hyun (18 ноември 2022). [Y초점] 신예들의 기막힌 앙상블 '약한영웅'... 주목할 만한 문제작의 탄생 [[Y focus] A stunning ensemble of rookies, 'weak hero'... The birth of a notable problem] (корејски). YTN. Посетено на 4 јануари 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]