Скуша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Скуша
Scomber scombrus.png
Научна класификација [ у ]
Царство: Животни
Тип: Хордови
Класа: Зракоперки
Ред: Кострешовидни
Семејство: Скуши
Род: Скуша
Вид: S. scombrus
Биномен назив
Scomber scombrus
Linnaeus, 1758

Скуша (науч. Scomber scombrus; меѓународно: „атлантска скуша“) — риба од родот скуша (Scomber) во семејството на скушите (Scombridae) што живее на обете страни од Северниот Атлантски Океан, Средоземното, Црното и Северниот Леден Океан.

Ги населува отворените студени води и се движи во големи јата близу површината. Презимува во подлабоки води, а напролет доаѓа во поплитко, кога температурата ќе достигне 11–14 °C. Се храни со помали риби и ракчиња.

Машките и женските единки растат со иста стапка и живеат највеќе 20 години, достигнувајќи до 47 см. Полово созреваат на возраст од три години.

Во исхраната[уреди | уреди извор]

Скуша, свежа
Хранлива вредност по 100 г.
Енергетска вредност 858 kJ (205 kcal)
Јаглехидрати 0 гр
Масти 14 гр
Белковини 19 гр
Вода 64 гр
Витамин А (еквив.) 50 μг (6%)
Холин 65 мг (13%)
Витамин Д 643 МЕ (107%)
Калциум 12 мг (1%)
Железо 1,63 мг (0%)
Магнезиум 76 мг (21%)
Фосфор 217 мг (31%)
Калиум 314 мг (7%)
Цинк 0,63 мг (0%)
Постотоците се според препораките за возрасни во САД
 Извор: База за хранливостUSDA

Скушата е мошне барана риба и се јаде зготвена или свежа како сашими. Има црвено место и силен вкус. Содржи многу големо количество на витамин Б12 и масни киселини омега 3 — речиси двојно повеќе од лососот.

Конзервираната скуша ужива популарност во Скандинавија и Велика Британија. Се продава во во доматен сос, во саламура или во масло.

Оваа риба е одличен извор на фосфатидилсерин и содржи 480 мг на секои 100 гр тежина. Во најново време оваа супстанција се истражува како ублажувач на здравствени пореметувања како хиперкинетичко растројство и Алцхајмерова болест.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]