Прејди на содржината

Скршено копје (филм од 1957)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Скршено копје“ (англиски: Broken Lance) — американски филм од 1954 година, во режија на Едвард Дмитрик (Edward Dmytryk) по сценариото на Ричард Марфи (Richard Murphy), засновано врз приказната на Филип Јордан (Philip Yordan). Главните улоги ги толкуваат: Спенсер Трејси (Spencer Tracy), Роберт Вагнер (Robert Wagner), Џин Питерс (Jean Peters), Ричард Видмарк (Richard Widmark), Кејти Хурадо (Katy Jurado), Ерл Холиман ( Earl Holliman) и Хју О'Брајан (Hugh O´Brian). Филмот постигнал голем успех и бил награден со два „Оскара“ (за споредна женска улога и за сценарио) и со „Златен глобус“ за поттикнување на меѓународното разбирање.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

По излегувањето од затворот, младиот Џо Деверо (го игра Вагнер) во канцеларијата на гувернерот Хорас (го игра Маршал) ги среќава своите полубраќа Бен (го игра Видмарк), Мајк (го игра О'Брајан) и Дени (го игра Холиман). Џо отсекогаш чувствувал нетрпеливост кон нив, а се соочува со дополнителни проблеми поради љубовната врска со привлечната Барбара, ќерката на гувернерот Хорас, кој остварил политичка кариера благодарение на помошта на таткото на Џо (го игра Трејси)...

Наводи[уреди | уреди извор]