Скршени парчиња (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Paramparça
Скршени парчиња
Напишана одЈилдиз Тунџ
Режирана одЏевдет Мерџан
УлогиНурѓул Јешилчај
Еркан Петеккаја
Ебру Озкан
Алина Боз
Лејла Танлар
Земја на потеклоТурција
Првичен јазикТурски
Бр. на сезони1
Бр. на епизоди20+
Продукција
Продуцент(и)Озлем Јуртсевер
МестоположбаИстанбул
ВреметраењеТурција Турција
90-120 мин.
Продукциска куќаЕндемол Турција
Прикажување
Првична мрежаТурција Турција
Star TV
Првично прикажувањеТурција Турција
01 Декември, 2014 – се уште трае
Надворешни врски
Мрежна страницаparamparca.com.tr
Продукциска
мрежна страница
site.endemol.com.tr

Скршени парчиња (турски: Paramparça) е турска телевизиска серија која започна со емитување на 1 Декември 2014 година на турскиот канал Star TV. Ова е прва турска серија во продукција на Ендемол. Скршени парчиња е приказна за тежок избор, тешки одлуки, испреплетени животи и родители кои се растргнати помеѓу нивните деца и нивните срца.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Животите на двајца луѓе од различно потекло се пресекуваат со една несреќа. Ѓулсерен, која е млада и убава жена и која живее во сиромашна населба во Истанбул, доживува сообраќајна несреќа и веднаш е пренесена во болница да се пораѓа. Во меѓувреме, Дилара, која припаѓа на богато семејство, се пораѓа во истата болница, истиот ден. После нивното породување, бебињата по грешка се заменуваат и се даваат на погрешни родители: бебето на Ѓулсерен се дава на Дилара, а бебето на Дилара се дава на Ѓулсерен.

Дејството во серијата се префрлува 15 години подоцна. Ѓулсерен живее заедно со нејзината ќерка Хазал и се обидува да го стори најдоброто за неа откако нејзиниот сопруг ја напушта. Таа работи како продавачка во една мала продавница. Во меѓувреме, Дилара живее со нејзината ќерка Џансу. Таа има богат живот но и некои проблеми со нејзиниот сопруг Џихан.

Уште една сообраќајна несреќа ги спојува овие луѓе. Џансу прави сообраќајна несреќа и се повредува. После оваа несреќа, нејзините родители дознаваат дека тие не се нејзини биолошки родители. Овој факт ќе направи голем пресврт во нивниот живот. Џансу е порасната во богато семејство и ужива богат живот, додека Хазал е порасната во сиромашно семејство и посакува да има богат живот. Но кога вистината ќе се открие, целосно ќе се промени судбината на сите нив.

Распоред на емитување[уреди | уреди извор]

Во Турција[уреди | уреди извор]

Сезона Термин Почеток на сезоната Крај на сезоната Број на епизоди Опсег на епизоди ТВ сезона ТВ канал
1. Понеделник 20.30 01 Декември, 2014 Јуни, 2015 - 1 - 28 2014-2015 Star TV 2. Понеделник 20.00 14 сентябрь, 2015 Јуни, 2016 - 2014-2015 Star TV

Улоги[уреди | уреди извор]

Актер Улога Сезона
Нурѓул Јешилчај Ѓулсерен 1–
Еркан Петеккаја Џихан 1–
Ебру Озкан Дилара 1–
Алина Боз Хазал 1–
Лејла Танлар Џансу 1–
Нурсел Ќосе Кериман 1–
Џемал Хунал Алпер 1–
Толга Текин Озкан 1–
Ѓунеш Емир Солмаз 1–
Бурак Тозкопаран Озан 1–
Џиван Џанова Рахми 1–
Елвин Ајдоѓду Дерја 1–
Аслихан Капаншахин Шејда 1–

Надворешни врски[уреди | уреди извор]