Скопско Ехо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Скопско Ехо – македонски весник.

„Скопско Ехо“ е првиот бесплатен неделен весник во Македонија. Весникот излегува секој четврток и бесплатно се дели на целата територија на Скопје. Издавач на весникот е фирмата „Мармакс степ“ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. „Коста Новаковиќ“ бр. 14/16 во Скопје, чиј управител е Јовица Тасевски. Седиштето на редакцијата на весникот се наоѓа во Скопје, на „Кеј 13 Ноември“, ГТЦ, локал 24[1] а главен уредник на весникот Антонио Спасев.[2] Покрај него, редакцијата на весникот ја сочинуваат и новинарот Бранко Ѓорѓевски и техничкиот уредник Антон Власов.[3] Првиот број на неделникот се појавил на 26 октомври 2016 година,[4] во тираж од 12.000 примероци.[5] Неделникот обработува теми поврзани со Скопје. Во состав на „Скопско Ехо“ излегуваат и два подлистока: „Подобро Здравје“ и „Авто Берза“. Со текот на времето, тиражот на весникот дотигнал 25.000 примероци, а подоцна и 35.000 печатени примероци, со што бил убедливо најтиражниот весник во Македонија. За време на локалните избори во 2017 година, тиражот на неделникот изнесувал дури 45.000,[6] додека јубилејниот 50. број излегол во тираж од 50.000 примероци.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Скопско Ехо, бр. 127, 12.9.2019, стр. 11.
  2. еМагазин, „Скопско ехо, бесплатен неделник со скопски теми и проблеми“ (пристапено на 24.4.2018)
  3. „Напишавме, испечативме и поделивме во Скопје 2 милиони бесплатни весници“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 2-3.
  4. еМагазин, „Скопско ехо, бесплатен неделник со скопски теми и проблеми“ (пристапено на 24.4.2018)
  5. „Напишавме, испечативме и поделивме во Скопје 2 милиони бесплатни весници“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 2-3.
  6. M365 „Скопско Ехо – отсега во тираж од 45,000 примероци“ (пристапено на 24.4.2018)
  7. „Напишавме, испечативме и поделивме во Скопје 2 милиони бесплатни весници“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 2-3.