Прејди на содржината

Скопски револуционерен округ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скопски револуционерен округ
Скопски революционенъ окрѫгъ
ИдеологијаНезависна Македонија
ВодачиАндреј Кожуваров
Бано Кушев
Петар Поп Арсов
СедиштеСкопје
Подрачје на делувањеВардарскиот дел на Косовскиот вилает
Дел одМакедонска револуционерна организација

Скопски револуционерен округ (на стар правопис: Скопски революционенъ окрѫгъ), познат и како 6-ти Скопски револуционерен округ или по Илинденското востание како и 6-ти востанички округ „Овче Поле“ бил дел од структурата на Внатрешната македонска револуционерна организација. Округот бил со седиште во град Скопје а го опфаќал македонскиот дел тоест вардарскиот дел на Косовскиот односно Скопскиот вилает во регионот Македонија. Комитетот на округот имал формирано свои чети во Скопскиот, Кумановскиот, Овчеполскиот и Велешкиот регион. Едни од поистакнатите раководители на округот биле Андреј Кожуваров и Бано Кушев а најистакнат бил Петар Поп Арсов, самиот основоположеник на Внатрешната македонска револуционерна организација.

Овој револуционерен округ земал активно учество во Првата балканска војна, Втората балканска војна и Првата светска војна, при што истата била неактивна сè до 1919 година кога била возобновена како дел од Внатрешната македонска револуционерна организација на Тодор Александров.

На почетокот чети од овој округ дејствувале во градовите Велес, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Свети Николе и Тетово со околиите но по промените во организацијата односно формирањето на новата Внатрешна македонска револуционерна организација и доаѓањето на Тодор Александров на власт во 1919 година доаѓа до промена на границите на округот со што градовите во тогашните граници биле: Велес; Гостивар; Делчево (односно Царево село); Кичево; Свети Николе; Скопје; Тетово и Штип.