Скопски народен театар

Скопски народен театар — драмски театар основан од страна на бугарската држава, кој работел за време на бугарската окупација на Македонија (1941 - 1944) во Скопје за време на Втората светска војна од 1941 до 1944 година.
Историјат
[уреди | уреди извор]Театарот бил основан од Министерскиот совет, со документ од 1 јули 1941 година. За директор на театарот бил назначен со указ на цар Борис III, Стоил Стоилов. За режисери биле поставени Стефан Срчаџиев и Александар Иконографов, а за секретар-драматург – Петар Горјански.[1]
Во текот на 1942 година, со Законот за театрите, добива статус Народен театар. Театарот организирал курс за драмски артисти, а предавачи биле Стоил Стоилов, Александар Иконографов, Стефан Сорчаџиев, Петар Горјански и Теодор Трајанов. Театарот прикажувал претстави во Брно, Прага, Букурешт, Белград, Љубљана, Загреб, Куманово, Крива Паланка, Штип, Битола, Велес. На 5 јуни 1944 година, се давала последната претстава на театарот, а потоа театарот бил распуштен.[2]
Драмскиот ансамбл:
| Р.бр. | Име | Р.бр. | Име | Р.бр. | Име | Р.бр. | Име |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | Милка Ерато | 11 | Евгенија Громова | 21 | Веса Кортенска | 31 | Павлина Попова |
| 2 | Петко Атанасов | 12 | Христо Динев | 22 | Иван Куманов | 32 | Георги Попов |
| 3 | Светослав Атанасов | 13 | Бојанка Донева | 23 | Веселана Манафова | 33 | Кирил Попов |
| 4 | Иван Бакалов | 14 | Кирил Донев | 24 | Марта Мјанкова | 34 | Љубен Попов |
| 5 | Васил Бакарџиев | 15 | Цвета Иванова | 25 | Тодор Николов | 35 | Штиљан Попов |
| 6 | Пенка Василева | 16 | Екатерина Кожухарова | 26 | Розка Петрова | 36 | Петар Прличков |
| 7 | Владимир Ватев | 17 | Рајна Колева | 27 | Идеал Петров | 37 | Вичо Рајков |
| 8 | Георги Георгиев | 18 | Вера Константинова | 28 | Никола Попиванов | 38 | Александра Тагарова |
| 9 | Љубен Георгиев | 19 | Стефка Кортенска | 29 | Добринка Попова | 39 | Енчо Тагаров |
| 10 | Георги Громов | 20 | Стефан Кортенски | 30 | Емилија Попова | 40 | Ана Трифонова |
| 41 | Константин Хаџиминев[1][2] | ||||||
| 42 | Димитар Костаров | ||||||
Театарски претстави
[уреди | уреди извор]Во текот на театарската сезона 1941/1942 г., театарот имал 262 изведби со вкупен број од околу 106.801 посетители. Освен театарските претстави, во театарот се одржувале и уметнички и литературни вечери.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Драмскиот ансамбл на Народниот театар во Скопје, 1941-1944 г.
- Стоил Стоилов, претседател на театарот.
- Колективот на театарот.
- Зградата која ја користел театарот.
- Рушевини на театарот по Земјотресот во Скопје од 1963.
- Челни лица на театарот и функционери од Бугарија при посета на Скопје.
- Карикатура по повод конференција на театарски директори. Конференцијата била одржана во Скопје.
- Брошура со податоци за режисерот, авторот и глумците, како и кратка содржина за претставата „Татковци и синови“ од Владимир Пољанов , изведувана во Народниот театар во Скопје во сезоната 1943-1944.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Горянски, Петър (1942). 1 година Скопски народенъ театъръ. Скопие: Българско дѣло. стр. 1.
- 1 2 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>; нема зададено текст за наводите по имегеб. - ↑ Културно-просветна политика на Бугария во Вардарска Македонија, 1941 – 1944 г. (бугарски јазик)