Скокови во вода на Летните олимписки игри 2012 – 10 метри синхронизирано за жени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Olympic flag.svg
Скокови во вода на
Летните олимписки игри 2012
Diving pictogram.svg
3 метри   мажи   жени
10 метри   мажи   жени
Синхронизирано
3 метри
  мажи   жени
Синхронизирано
10 метри
  мажи   жени

Синхронизираните скокови во вода за мажи од 10 метри на Летните олимписки игри 2012 се одржаа на 31 јули, во Центарот за водени спортови во Лондон.

Формат на натпреварување[уреди | уреди извор]

Според редоследот направен пред финалето, секој пар изведува пет скока. Во финалето учествуваат осум пара од осум држави. Состав од 11 судии го оценуваат секој скок, давајќи поени до 10, пришто највисоката и најниската оценка се елиминираат. Освојувачите на медали се утврдуваат откако ќе завршат сите серии на скокови. Парот што по петтата серија ќе има највисок вкупен број на поени го освојува златниот медал.[1]

Резултати[уреди | уреди извор]

Место Држава Скокови[2] Вкупно
1 2 3 4 5
Gold medal icon.svg Кина
Чен Руолин
Ванг Хао
53.40 56.40 81.00 89.28 88.32 368.40
Silver medal icon.svg Мексико
Паола Еспиноза
Алехандра Ороско
51.60 50.40 84.40 75.24 81.60 343.32
Bronze medal icon.svg Канада
Меган Бенфеито
Розелин Филион
53.40 52.80 75.60 73.26 82.56 337.62
4 Австралија
Лоуди Вигинс
Рејчел Баг
52.20 50.40 72.90 70.29 77.76 323.55
5 Велика Британија
Сара Бароу
Тонија Куч
54.00 53.40 68.16 68.40 77.76 321.72
6 Германија
Нора Субшински
Кристин Штојер
53.40 49.80 76.80 64.38 68.40 312.78
7 Малезија
Леонг Мун Јее
Панделела Ринонг
52.80 54.00 70.20 60.48 71.04 308.52
8 Украина
Јулија Прокопчук
Викторија Потјекина
51.60 49.80 68.16 64.80 65.28 299.64

Наводи[уреди | уреди извор]