Склопец
Склопец е метален сад кој се користел за чување и носење храна. Сличен е на кутија и ќасе, но се разликува во употребата. Склопецот може да се користи за различен вид храна.
Опис
[уреди | уреди извор]Склопецот бил користен за транспорт на храна или за чување дробен тутун. Има рамно тркалезно дно чиишто страни продолжуваат нагоре право. Капакот, исто така тркалезен, има поширок чембер свиткан надолу со кој долниот дел од кутијата влегува во капакот, со што кутијата добро се затвора. Горниот дел од капакот е релјефно поделен на три еднакви скалесто поставени нивоа. На врвот е најмалото поткренато ниво, што воедно има и функција на рачка со чија помош капакот полесно се отвора. Страните од кутијата се украсени по целиот средишен дел. Имало и дрвени склопци, кои биле почесто користени.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 77, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.