Прејди на содржината

Скитникот од висорамнините

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Скитникот од висорамнините“ (англиски: High Plains Drifter) – филм на режисерот Клинт Иствуд (Clint Eastwood) од 1973 година, снимен по сценариото на Ернест Тајдимен (Ernest Tidyman). Главните улоги ги играат: Клинт Иствуд, Верна Блум (Verna Bloom), Маријана Хил (Marianna Hill), Мич Рајан (Mitch Ryan), Тед Хартли (Ted Hartley), Били Куртис (Billy Curtis), Џефри Луис (Geoffrey Lewis) и Волтер Барнс (Walter Barnes). Оваа морална парабола во облик на вестерн е вториот филм во режија на Иствуд. Дел од филмските критичари го оцениле филмот само како внесување на некои елементи од шпагети-вестерн во американскиот вестерн, меѓутоа други критичари веќе тогаш насетиле дека со Иствуд започнува „новиот живот“ на американскиот вестерн.[1] [2]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Во малиот рударски град Лаго пристига таинствен и молчелив каубој (го игра Иствуд) чија појава внесува немир во малото место. Во салунот, тројца мажи го предизвикуваат туѓинецот, а потоа, додека тој се наоѓа во берберницата, тие го напаѓаат, но тој ги убива со по еден куршум точно меѓу очите. Дејв Дрејк (го игра Рајан), кој ги води работите на рудникот, а и другите видни граѓани, како сопственикот на хотелот, Луис Белдинг (го игра Хартли) и шерифот Ден Шо (го игра Барнс) се договараат да го изнајмат туѓинецот да го заштити местото кога ќе се вратат тројца опасни разбојници, предводени од Стејси Бриџис (го игра Луис)....