Скината завеса
„Скината завеса“ (англиски: Torn Curtain) — американски филм од 1966 година, во режија на Алфред Хичкок. Главните улоги ги играат: Пол Њумен, Џули Ендрјус и Лила Кедрова.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Професорот Мајкл Армстронг (го игра Њумен) заминува во Копенхаген на конференција на физичари, заедно со својата соработничка и свршеница Сара Шерман. Меѓутоа, по пристигнувањето, Мајкл ја известува Сара дека ќе остане некое време, а таа треба да се врати дома. Таа му се придружува и сфаќа дека Мајкл оди во Источна Германија. Професорот ѝ кажува дека сака да остане таму, зашто американската влада му го откажала истражувачкиот проект. Всушност, Мајкл заминува во Источна Германија со задача да открие важни информации од едне познат источногермански научник. Откако ја извршува задачата, тој и Сара мора да најдат начин како да се вратат на Запад.