Костур

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Скелетен систем)
Костур пренасочува тука. За други значења на поимот „костур“, видете ја страницата за појаснување.

Костурот или скелетот (од грчки skeletos = суво тело, мумија) е дел од телото што во анатомијата и биологијата претставува потпорна структура на организмот. Има два вида на скелет: егзоскелет, надворешната цврста обвивка на организмот и ендоскелет кој ја формира потпорната структура во телото. Во фигуративна смисла скелет може да биде и технологија која слуши како потпора на структура како градба.

Скелет на коњ и човек поставени во Австралискиот Музеј во Сиднеј

Видови на скелет[уреди | уреди извор]

Егзоскелет[уреди | уреди извор]

Главна статија: Егзоскелет

Некои животни како членконогите, особено инсектите и лушпарите, имаат егзоскелети. Егзоскелетите се надворешни, типични за многу безрбетници, тие ги заштитуваат меките ткива и органите. Егзоскелетите може да подлежат на периодични менувања со растот на животното. Егзоскелетот може да биде направен од различни материјали вклучувајќи хитин (кај членконоги), соединенија на калциум (кај корали, мекотели) или силикати (кај диатомеи и радиолари). Егзоскелетот на инсектите не служи само како заштита туку и како површина за која мускулите се закачени, како непробојна заштита од сушење и како орган за интеракција со околината. Надворешниот скелет е прилично тежок во однос на обемот на животното, затоасе среќава само кај мали животни и организми. Егзоскелетот може да се сретне кај големите водни животни поради притисокот на водата. Јужната школка-џин чија школка е 4 метри и тежи околу 250 кг. е екстремно голема морска школка во Тихиот Океан.

Ендоскелет[уреди | уреди извор]

Главна статија: Ендоскелет

Ендоскелетот е внатрешна структура за поддршка на животното, составен е од минерализирано ткиво и е типичен за многу ’рбетници. Се разликуваат по сложеност, од едноставно функционирање исклучиво за потпора (како кај сунѓерите) до место за прикачување на мускулите и механизам за пренесување на мускулната сила. Првобитниот ендоскелет се изведува од мезодермалното ткиво. Таквиот скелет се среќава кај иглокожите и хордовите животни.

Сунѓери[уреди | уреди извор]

Скелетот на сунѓерите е направен од микроскопски варовнички или силициумови спикули. 90% од сите видови сунѓери припаѓаат на демоспонгијата. Нивните „ скелети “ се направени од спикули од протенски влакна спонгин, минералот силика или двете. Таму каде што се присутни спикули на силика сунѓерите имаат поинаков облик од оние инаку слични стаклени сунѓери.

Иглокожи[уреди | уреди извор]

Скелетот на иглокожите, кои меѓу другите видови ја вклучуваат и морската ѕвезда, е составен од калцит и мала количина на магнезиум оксид. Се наоѓа под епидермот, во мезодермот меѓу заедници на ќелии на склероцит. Оваа структура е порозна и затоа е воедно и цврста и лесна. Сраснува во мали варовнички осикли (коскени плочи) кои можат да растат во сите правци и со тоа можат да заменат загубен дел од телото. Поврзани со зглобови, поединечните скелетни делови може да се придвижуват со мускулите.

Хордати[уреди | уреди извор]

Кај луѓето, и кај повеќето ’рбетници, главен дел од скелетот е коската. Друг важен дел е 'рскавицата. Кај цицачите таа се наоѓа главно кај зглобовите. Кај други животни, како на пример кај 'рскавичните риби, вклучувајќи ги и ајкулите, скелетот е целосно составен од 'рскавица. Коските покрај што се потпора на телото служат и како скадиште за калциум и фосфат на клеточно ниво.

Риби[уреди | уреди извор]

Скелетот на рибите е или направен од 'рскавица ('рскавична риба) или од коски (коскена риба). Главната одлика на рибата, перките, се направени од коски и само перката на опашката е е директно поврзана со ’рбетот додека останатите се поддржани од мускулите. Ребрата се поврзани со ’рбетот.

Птици[уреди | уреди извор]

Скелетот на птиците е приспособен на лет. Тој е исклучително лесен, но доволно силен за да го исдржи стресот на полетување, летање и слетување. Клучната адаптација е спојувањето на коските во едно единствено вкосчување, пигостил. Затоа птиците обично имаат помалку коски од други копнени ’рбетници. Птиците исто така немаат заби и вилица, тие еволуирале клун кој е многу полесен. Клуновите на младите птици се нарекуваат јајце-заб кој го олеснува излегувањето на птицата од амнионското јајце.

Морски Цицачи[уреди | уреди извор]

За да се олесни движењето во вода задните нозе на морските цицачи или се изгубиле во целост, како кај китовите, или сраснале во една перка како кај фоките.

Хидростатички скелет[уреди | уреди извор]

Наједноставната форма на скелетот е хидростатичкиот скелет кој се среќава кај многу од ладнокрвните и мекотелните животни. Притисокот на течноста и околните мускули се користат за промена на обликот на организмот што доведува до движење. Оваа шуплина полна со течност се нарекува целом. Безрбетниците како морската ѕвезда, морскиот еж, медузите и дождовните глисти имаат ваков вид на скелет.

Цитоскелет[уреди | уреди извор]

Цитоскелетот (грчки kytos = клетки) се користи за да се стабилизира и да се зачува формата на клетките. Тоа е динамична структура која ја одржува формата на клетките, ги штити, им овозможува да се движат( користејќи структури како флагели, клеточни влакненца и ламелиподија) и игра важна улога како во внатрешниот транспорт во клетката (на пример движењето на везикулите и органелите) така и во делбата на клетките.

Човек[уреди | уреди извор]

Главна статија: Човечки скелет

Човечкиот скелет се состои од соединети и поединечни коски поддржани и дополнети од лигаменти, тетиви, мускули и 'рскавица. Тој служи како скеле кој ги поддржува органите, како место за прикачување на мускулите и ги штити органите како мозокот, белите дробови и срцето. Иако забите не се изградени од ткиво кое е вообичаено за повеќето коски, тие се сметаат за коски и се дел од скелетниот систем. Најголемата коска е бутната коска во горниот дел на ногата, а најмалата е чеканчето од средното уво. Кај возрасните, скелетот изнесува 14% од вкупната телесна тежина, додека половина од оваа тежина е од водата. Черепот и карлицата имаат неподвижни коски. Не сите коски се директно меѓусебно поврзани, трите ковчиња од средното уво се врзуваат единствено едно со друго. Подјазичната коска се наоѓа во вратот и служи за прицврстување на јазикот, не е поврзана со која било друга коска во телото и е поддржана од мускули и лигаменти. Човечкиот скелет е составен од 206 коски, овој број е променлив во зависност од поединецот и возраста – новороденчињата имаат околу 270 коски од кои дел подоцна се спојуваат. Овие коски се организирани во надолжна оска, Осков скелет, за кој е поврзан скелетот на екстремитетите. На човечкиот скелет му се потребни 20 години за целосно да се развие. Кај голем број на животни коските имаат срж која создава крвни зрнца. Голем дел од човековиот скелет го задржал античкиот сегментен модел присутен кај сите ’рбетници (цицачи, птици, риби, влекачи и водоземци) со повторување на основните одлики. Овој сегментен модел е особено видлив кај ’рбетниот столб и градниот кош.

Коски и 'рскавица[уреди | уреди извор]

Коски[уреди | уреди извор]

Главна статија: Коски

Коските се цврсти органи кои се дел од внатрешниот скелет на ’рбетниците. Нивната функција е да се движат, да ги заштитуваат и поддржуваат органите од телото, да произведуваат црвени и бели крвни зрнца и да создаваат резерви на минерали. Коскеното ткиво е тип на густо сврзно ткиво. Коските доаѓаат во различни форми и имаат комплексна внатрешна и надворешна градба, тие се лесни, но сепак силни и црвсти придонесувајќи во исполнувањето на своите функции. Еден од типовите ткиво што ја градат коската е минерализираното коскено ткиво, исто наречено коскено ткиво, кое и ја дава на коската нејзината цврста и „медена” тридимензионална внатрешна структура. Други видови на ткива кои се наоѓаат во коските се срцевината, ендостеум, периостеум, нерви, крвни садови и 'рскавица. Има 206 коски кај возрасниот човек и 270 кај новороденче.

'Рскавица[уреди | уреди извор]

Главна статија: 'Рскавица

'Рскавицата е неподвижно и нефлексибилно сврзно ткиво присутно во многу делови од телата на луѓето и животните вклучувајќи ги споевите меѓу коските, градниот кош, увото, носот, лакотот, коленото, глуждот, бронхиите и интервертебралните дискови. Не е толку цвртсто и силно како коската, но е поцврсто и помалку флексибилно од мускулот. 'Рскавицата е составена од специјализирани клетки наречени хондроцити кои произведуваат големи количини на вонклеточна матрица составена од тип II колаген ( освен влакнестата 'Рскавица која содржи тип I колаген) влакна, меѓуклеточна матрица богата со протеогликани и еластин влакна. Има три типа на 'рскавица: хијалинска, еластична и влакнеста 'рскавица кои се разликуваат во однос на количеството на овие три главни компоненти. За разлика од другите сврзни ткива 'рскавицата не содржи крвни садови. Хондроцитите се снабдуваат по пат на дифузија, со испумпување создадено со помош на компресија на мрежастата 'рскавица или со флексија на еластичната 'рскавица. Затоа, за разлика од другите сврзни ткива, 'рскавицата расте и заздравува побавно.

Поврзано[уреди | уреди извор]