Прејди на содржината

Скај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Портри, најголемото населено место на Скај.

Скај (англиски: Isle of Skye, гелски: An t-Eilean Sgitheanach) — остров расположен северозападно од Шкотска. Тој е најголемиот од архипелагот Внатрешни Хебриди. Административно е доделен на областа Хајленд. Основа на економијата на островот се туризмот, земјоделството и риболовот. Најголемото населено место, Портри, е познато по своето живописно пристаниште.

Скај е поврзан со Шкотска и околните острови со траекти и патен мост. Климата тука е влажна, поморска, со чести врнежи во секое годишно време. Флората и фауната на островот се доста богати, а големи територии се покриени со тресетишта од врес. Скај служел како место на дејство во разни книги и филмови, а исто така се споменува во многу народни песни.

Етимологија

[уреди | уреди извор]

Островот за првпат се споменува во староримски документи, како што е Равенската космографија, каде што е наречен Scitis.[1] На картата на Птоломеј, тој се нарекува Scetis.[2] Можно е овие имиња да потекнуваат од келтскиот збор skitis, што значи „крилест“ — поради обликот на островот, кој претставува планински центар со полуострови што се шират од него. Сепак, точната етимологија на името не е утврдена.

Во скандинавските саги, островот е наречен Skíð: на пример, во „Сагата за Хокон Хоконсон“ и во скалдската песна од 1230 г. од „Земјин круг“.[3] Викинзите, исто така, го нарекувале островот Skuy („магловит остров“), Skýey и Skuyö („облачен остров“). Традиционалното шкотско гелско име на островот е An t-Eilean Sgitheanach („остров Скај“). Денес се користи и подоцнежниот правопис — An t-Eilean Sgiathanach.

Гелското поетско име на островот — Eilean a' Cheò, односно „магловит остров“ — е прав превод на едно од скандинавските имиња.

  1. „«Group 34: islands in the Irish Sea and the Western Isles 1»“. www.kmatthews.org.uk (англиски). Архивирано од изворникот 2021-05-08. Посетено на 2020-10-30.
  2. Strang, Alistair (1997) «Explaining Ptolemy’s Roman Britain». Britannia. 28 pp. 1-30
  3. „«Haakon Haakonsøns Saga»“. Архивирано од изворникот на 2012-07-14.. Norwegian translation: P. A. Munch.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]