Скарамуча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скарамуча во 1860 година

Скарамуча (италијански: Scaramuccia, француски: Scaramouche) – лик со маска од италијанската комедија дел арте, јужна варијанта на Капитано. Дел е од јужниот или неаполски квартет од маски заедно со Тартаља, Ковиело и Пулчинела. Ликот на Скарамуча во многу погледи го повторува ликот на северната варијанта – оној на Капитано, но со помалку политичка сатира.

Во периодот после 1661 година, Молиер ја делел сцената во Пале роајал со трупата на Италијанската комедија каде во улогата на Скарамуча играл глумецот Тибериј Фиорили, кој не носел воена униформа и дури не носел сабја и ја создал сликата на ликот кој како таков се задржал до денес . Италијанскиот драматург Карло Голдони исто така ја играл улогата на Скарамуча. Последниот фигурира и во два романи на Рафаел Сабатини, како и во песната "Бохемска рапсодија" на англиската група Квин.

Литература[уреди | уреди извор]

  • „Scaramouche“. Encyclopædia Britannica. 2016.
  • Hartnoll, Phyllis, editor (1983). The Oxford Companion to the Theatre (fourth edition). Oxford: Oxford University Press. ISBN 9780192115461.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Комедија дел арте
Бригела
Бригела

Арлекин | Бригела | Буратино | Инаморати | Доторе | Ѕани | Џопино | Ил Капитано | Касандра | Ковиело | Коломбина | Панталоне | Педролино | Пулчинела | Скарамуча | Стентерело | Тартаља | Труфалдино | Фантеска

Арлекин
Арлекин