Скапоцена (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Скапоцена (англиски: Precious) е американски филм од 2009 година, во режија на Ли Даниелс. Главните улоги ги толкуваат: Габореи Сидибе, Мо Ник, Пола Петон, Мараја Кери и Лени Кравиц. Филмот освоил две награди „Оскар“: за најдобра споредна улога и за најдобро адаптирано сценарио, а покрај тоа, бил номиниран во уште две категории, и тоа: „најдобар филм“ и „најдобар режисер“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на оваа драма се одвива во 1987 година, во Харлем, и претставува мрачна приказна за животот на шеснаесетгодишната Кларис, која го трпи насилството на своите родители. Кларис е неписмена, дебела и често е малтретирана од нејзиниот татко. Во катастрофални услови за живот, таа наоѓа сила да ги надмине проблемите.[1] [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Трогателна борба за подобар живот“, Антена, број 854, 7.11.2014, стр. 3.
  2. „Мрачен поглед врз семејното насилство“, Антена, број 878, 24.4.2015, стр. 3.