Скандинавскоромски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скандинавскоромски јазик
Травингерскоромски јазик
Rom(m)ani; Romani rakripa
Застапен воНорвешка
Говорнициоколу 100–150 (2014)[1]  
Говорниците се главно постари и повеќемината зборуваат шведски со ромски речник.[1]
Јазично семејство
Статус
Службен вопризнат малцински јазик во
 Норвешка (1993)
 Шведска (1999)
Јазични кодови
ISO 639-3Разни:
rmg — норвешкоромски
rmu — таврингерскоромски
rmd — данскоромски

Скандинавскоромски (шведски: romani, норвешки: romani, скандинавскоромски: romani rakripa[2] или tavringens rakripa[3][б 1]), познат и како норвешкоромски,[4] таврингерскоромски,[5] татерски јазик,[6] и данскоромски,[7]мешан јазик кокшто настанал со јазичен допир на ромски и скандинавските јазици. Јазикот го говорат Скандинавските Роми во Норвешка (околу 100–150 постари лица)[1] и порано во Шведска. Скандинавскоромскиот користи речник на деклинирани зборови од ромскиот јазик. Сепак, голем дел од првобитната ромска граматика била изгубена и неговите говорници денес зборуваат шведски или норвешки.

Нема стандардизиран облик на скандинавскоромскиот јазик, така што постојат разлики во речникот, изговорот и употребата на зборови од говорник до говорник. Во печатен облик, скандинавскоромските зборови често се запишани со шведски (S) или норвешки (N) букви (ä, æ, ø, å), како и комбинации од букви за ознака на ромските гласови, како на пример tj- (/ɕ/) или kj- (/ç/ или //) за ознака на ромската буква č // или čh /tʃʰ/. Некои примери на скандинавскоромски правопис се: tjuro[8] (S) / kjuro[3] (N) со значење „нож“; gräj[8] (S) / grei[3] (N) со значење „коњ“.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Неодамнешен предлог поддржан од Шведскиот јазичен совет е јазикот да се нарекува „шведскоромски“ (шведски: Svedo romani). Но, употребата на овој збор не се среќава често меѓу скандинавскоромските говорници.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Carling et al., 2014, Scandoromani: Remnants of a Mixed Language. Leiden: Brill.
  2. Cf. Romani rakripa
  3. 3,0 3,1 3,2 Karlsen, Ludvig. „Tavringens Rakripa: Romanifolkets Ordbok“ (норвешки и Traveller Norwegian). Landsorganisasjonen for Romanifolket. Архивирано од изворникот на 17 мај 2018. Посетено на 18 ноември 2018.
  4. „Traveller Norwegian in the Language Cloud“. Ethnologue (англиски). Посетено на 3 септември 2019.
  5. „Tavringer Romani in the Language Cloud“. Ethnologue (англиски). Посетено на 3 септември 2019.
  6. LLOW Language Server - Tavringer Romani
  7. „Traveller Danish“. Ethnologue (англиски). Посетено на 3 септември 2019.
  8. 8,0 8,1 Resande Folkets Riksorganisation (2006). Ordlista i resandespråket romani (шведски и Traveller Norwegian) (2nd. изд.). Malmö: Föreningen Resande Folkets Riksorganisation. ISBN 91-631-9668-9.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]