Си било еднаш во Холивуд
| Си било еднаш во Холивуд | |
|---|---|
Плакатот на македонски јазик | |
| Режисер | Квентин Тарантино |
| Продуцент | Дејвид Хејман Шенон Макинтош Квентин Тарантино |
| Сценарист | Квентин Тарантино |
| Главни улоги | Леонардо ди Каприо Бред Пит Марго Роби Емил Херш Маргарет Кволи Тимоти Олифант Остин Батлер Дакота Фенинг Брус Дерн Ал Пачино |
| Кинематографија | Роберт Ричардсон |
| Монтажа | Фред Раскин |
| Студио |
|
| Дистрибутер |
|
| Премиера | 26 јули 2019 г. (САД) 14 август 2019 г. (Обединето Кралство) 15 август 2019 г. (Македонија) |
| Времетраење | 161 минута |
| Земја | |
| Јазик |
|
| Буџет | 90 милиони долари |
| Бруто-заработка | 392,1 милион долари |
| Следен | Авантурите на Клиф Бут |
Си било еднаш во Холивуд (англиски: Once Upon a Time in Hollywood), во некои преводи Беше еднаш во Холивуд — американски филм од 2019 година, режиран од Квентин Тарантино, кој е автор и на сценариото. Во филмот глумат: Леонардо Ди Каприо, Бред Пит, Маргот Роби, Дакота Фенинг, Лук Пери, Дејмијан Луис и Ал Пачино. Филмот освоил два „Оскари“: за најдобро производство и за споредна машка улога (Пит), а бил предложен уште во осум категории. исто така, бил предложен за „Златен глобус“ во пет категории од кои победил во три, а од десетте номинации за БАФТА победил само во онаа за споредна машка улога (Пит). Вкупно, филмот освоил 147 награди, а имал уште 341 номинација.[1]
Премиерата на филмот во Обединетото Кралство била на 14 август 2019 г., во Македонија на 15 август, а во САД на 26 јули истата година.[2]
Содржина
[уреди | уреди извор]Рик Далтон (го игра Ди Каприо) е поранешна ТВ-ѕвезда што сега глуми по разни ТВ-серии, но има проблеми со алкохолизмот. Неговиот најблизок соработник е каскадерот Клиф Бут (го игра Пит), кој истовремено му е возач и најблизок пријател. Рик живее во Холивуд, каде први соседи му се Роман Полански и Шерон Тејт. По наговор на продуцентот Шварц (го игра Пачино), Рик оди во Италија, каде снима шпагети-вестерни, а оттаму се враќа со девојка и истовремено му соопштува на Клиф дека ќе ја прекинат натамошната соработка. По тој повод, тие се опиваат, а потоа Рик оди да се одмори во својот базен, додека Клиф го шета своето куче. Тогаш, во нивната куќа влегуваат едно момче и две девојки (сите хипици), кои го напаѓаат Клиф и девојката на Рик, кој пак не знае ништо за нападот. Со помош на своето куче, Клиф ги убива момчето и едната девојка, а другата излегува надвор, каде ја убива Рик со помош на пламенофрлач. За време на борбата Клиф е ранет, кого го носат во болница, а Рик оди во посета на своите соседи.[3]
Улоги
[уреди | уреди извор]| Глумец | Улога |
|---|---|
| Леонардо ди Каприо | Рик Далтон |
| Бред Пит | Клиф Бут |
| Марго Роби | Шерон Тејт |
| Емил Херш | Џеј Себринг |
| Маргарет Кволи | Пусикет |
| Рафал Завиерука | Роман Полански |
| Тимоти Олифант | Џејмс Стејси |
| Остин Батлер | Чарлс „Текс” Вотсон |
| Дакота Фенинг | Линет „Сквики“ Фром |
| Мајки Медисон | Сузан Аткинс |
| Брус Дерн | Џорџ Спан |
| Ал Пачино | Марвин Шварц |
| Лук Пери | Вејн Мондер |
| Викторија Педрети | Лулу |
| Дејмијан Луис | Стив Маквин |
| Лоренца Ицо | Франческа Капучи |
| Мајк Мо | Брус Ли |
| Даниела Харис | Ејнџел |
| Курт Расел | Ренди Милер и раскажувачот |
| Зои Бел | Џенет Милер |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ IMDb, Once Upon a Time... in Hollywood (2019) Awards (пристапено на 25.4.2020)
- ↑ „Кино Милениум — „Си било еднаш во Холивуд" на режисерот Квентин Тарантино во 20 часот во кино #Милениум | Facebook“. www.facebook.com. Посетено на 2025-02-02.
- ↑ IMDb, Once Upon a Time... in Hollywood (2019) (пристапено на 25.4.2020)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Си било еднаш во Холивуд“ на Ризницата ? |
- Филмови од 2019 година
- Американски филмови
- Филмови на англиски јазик
- Филмови на Квентин Тарантино
- Добитници на оскар за најдобар филм
- Филмови за алкохоличари
- Филмови за глумци
- Филмови чие дејствие се одвива во Лос Анџелес
- Филмови чие дејствие се одвива во Холивуд
- Филмови со Бред Пит
- Филмови со Леонардо ди Каприо
- Филмови со Маргот Роби
- Филмови со Дакота Фенинг
- Филмови со Лук Пери
- Филмови со Ал Пачино
- Филмови со Дејмијан Луис
- Американски сатирични филмови
- Американски комедии