Сиќа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сиќа
Συκιά
Сиќа is located in Грција
Сиќа
Сиќа
Координати: 40°27′N 22°23′E / 40.450° СГШ; 22.383° ИГД / 40.450; 22.383Координати: 40°27′N 22°23′E / 40.450° СГШ; 22.383° ИГД / 40.450; 22.383
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаБер
Општ. единицаКутлеш
Надм. вис.&10000000000000330000000330 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно278
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Сиќа или Сикија (грчки: Συκιά, книжевно: Συκέα, Сикеа) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е оддалечено околу пет километри југоисточно од селото Палатич и 20 километри југоисточно од градот Бер, на надморска височина од 330 метри.[2]

Селскиот атар зафаќа површина од 14 квадратни километри.[2] Сместено е во најсеверните падини на планината Шапка.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото уште од порано било населено со чисто грчко население.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото е полупланинско, поради што населението главно произведува пченица, компири, а делумно се занимава и со сточарство.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Спирос Лукатос посочува „грчки јазик на жителите“.[3] При пребројувањето во 1912 година селото е забележано со грчки јазик и христијанска религија.[4]

Со пописот од 1913 година селото било забележано со 91, во 1920 година со 123, а во 1928 година со 168 жители, од кои само еден бегалец. Во 1940 година имало 261, во 1951 година 427, во 1961 година 511, во 1971 година 325, во 1981 година 386, а во 1991 година 377 жители.[2]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 283 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 278 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 261 427 511 325 386 377 283 278
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Кутлеш со седиште во гратчето Кутлеш, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Сикија, во кој е единствено село.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Попис на населението од 2011 г. Трајно население". Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I. Скопје: Институт за национална историја. стр. 25. 
  3. Σπύρος Λουκάτος, Πολιτειογραφία της νομαρχιακής περιφέρειας της Θεσσαλονίκης, Μέρος Α’ Υποδιοικήσεις Βερροίας - Θεσσαλονίκης – Κατερίνης, Αθήνα 1987. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
  4. Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927