Сија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сија
Сија во Сиетл, САД во август 2011
Роден(а) Сија Кејт Изобел Ферлер
18 декември 1975 (1975-12-18) (42 г.)
Аделаида, Јужна Австралија, Австралија
Занимање
  • пејас
  • текстописец
  • режисер на музички видеа

Сија Кејт Изобел Ферлер (англиски: Sia Kate Isobelle Furler; р. 18 декември 1975) позната само како Сијаавстралиски пејачка, текстописец и режисер на музички видеа[1] Таа ја започнала својата кариера како пејачка во локалниот бенд Крисп во 1990-те. Кога бендот се распаднал, таа го издала својот студиски албум со наслов „OnlySee“ („СамоВиди“) во Австралија. Тогаш таа се преселила во Лондон и била водечки вокал на британското дуо Zero 7 („Нула-седум“).

Во 2000 г. Сија потпишала со Sony Music и следната година го издала својот втор соло студиски албум Healing Is Difficult („Закрепнувањето е тешко“). Бидејќи не била задоволна од промоцијата на записот, таа потпишала договор со Go! Beat и во 2004 го издала својот трет студиски албум Colour the Small One („Обои го малиот“). Проектот се борел да стапи во контакт со широката публика и така Сија се преселила во Њујорк во 2005 година и започнала тури низ САД. Таа го издала својот четврти а потоа и петти студиски албум, Some People Have Real Problems („Некои луѓе имаат вистински проблеми“) и We Are Born („Ние сме родени“) во 2008 и 2010 година. Потоа се стекнала со повреда од пеење и се посветила на текстовите и започнала да работи како текстописец. Таа имала одлична соработка со Дејвид Гета (за песната Титаниум), Рајана (Diamonds) и ФлоРида (Wild Ones).

Во 2014 година го издала својот шести студиски албум 1000 Forms of Fear („1000 облици на страв“). Од овој албум најголем успех имала песната Chandelier („Лустер“) и трилогијата на видеа во кои настапува детето Меди Зиглер, танчер. Во 2016 година го издала својот седми албум This Is Acting („Ова е глума“), од кој како најуспешна песна се издвоила Cheap Thrills („Ефтини возбуди“). Сија се стекнала со голем број награди и признанија, меѓу кои наградат АРИА и награда за музичко видео на МТВ.[2]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Сија.
  • OnlySee („СамоВиди“, 1997)
  • Healing Is Difficult („Закрепнувањето е тешко“, 2001)
  • Colour the Small One („Обои го малото“, 2004)
  • Some People Have Real Problems („Некои луѓе имаат вистински проблеми“, 2008)
  • We Are Born („Ние сме родени“, 2010)
  • 1000 Forms of Fear („1000 облици на страв“, 2014)
  • This Is Acting („Ова е глума“, 2016)
  • Everyday Is Christmas („Секој ден е Божиќ“, 2017)

Тури[уреди | уреди извор]

  • Live from Sydney Tour (2009)
  • We Meaning You Tour (2010)
  • Nostalgic for the Present Tour (2016–2017)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешно врски[уреди | уреди извор]