Сицилијанецот (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сицилијанецот (The Sicilian) е акциски филм од 1987 година, заснован на истоимената новела на Марио Пузо. Режисер на филмот е Мајкл Чимино, а главните улоги се на Кристофер Ламберт и Теренс Стамп.

Заплет[уреди | уреди извор]

Патриотот и вистинскиот Робин Худ - Салваторе Џулиано, познатиот бандит кој со своите герилици се обидува да ја ослободи Сицилија во 1950-тите години од Италјанско владение и да ја направи држава на САД. Џулијано краде од богатите, конзервативни земјопоседници и дава на сиромашните селани-слуги, кои го слават како нивен спасител. Како што расте неговата популарност, расте и неговото его, и тој почнува да мисли дека е над моќта на неговиот поддржувач Донот на мафијата - Масни Кроче. Донот почнува да прави план за негово убиство, убедувајќи го неговиот братучет и најблизок соработник Гаспаре да го убие.

За книгата[уреди | уреди извор]

Книгата „Сицилијанецот“е заснована на книгата „Кум“ и се смета како нејзино литературно продолжение. Сепак, поради нерешени прашања со авторските права ликовите на Мајкл Корлеоне и Клеменца, не се вклучени во филмот.