Ситноцветна врбовица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ситноцветна врбовица
Onagraceae - Epilobium parviflorum-2.JPG
Цветови
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiosperms
Нерангирано: Eudicots
Нерангирано: Rosids
Ред: Myrtales
Семејство: Onagraceae
Род: Epilobium
Вид: E. parviflorumi
Биномен назив
Epilobium parviflorum
(Schreb.) Schreb.
Синоними

Chamaenerion parviflorum

Ситноцветната врбовица или ситноцветната млечика (Lat. Epilobium parviflorum) е повеќегодишно тревно растение од фамилијата Onagraceae.


Опис[уреди | уреди извор]

Цело растение

Биолошката форма на ситноцветната врбовица е хемикриптофитна скапоза[1], нејзините хибернатски пупки се наоѓаат веднаш под површината на почвата, а флоралната оска е повеќе или помалку исправена со неколку листа.

Ситноцветната врбовици просечно достигнува 30 до 80 сантиметри висина. Стеблото е исправено и густо покриено со влакненца, особено во долниот дел. Лисјата се еден наспроти друг, тесни и назабени, заоблени во основата, 4-10 сантиметри долги. Малите цветови се бледо розови или бледо виолетови, со пречник од 6-7 милиметри, со четири ливчиња, осум прашници и четирикрака чашка. Цветниот период е од јуни до август.[1] Хермафродитните цветови се самооплодуваат (автогамија) или од инсекти (ентомогамија).[2] Плодот е капсула долга три до седум сантиметри која содржи многу мало црно семе (долго околу 1 mm), со бели влакна кои овозможуваат ширење со ветрот. Овој вид е многу сличен со Epilobium hirsutism, но цветовите му се многу помали.[3]


Распространетост[уреди | уреди извор]

Ова растение го има во најголемиот дел на Европа и во Западна Азија, како и во САД и Канада.[4] [5]

Животна средина (хабитат)[уреди | уреди извор]

Ситноцветната врбовица претпочита бари и мочуришта, влажни планински ливади и падини, на надморски висини од 0 до 1.400 метри и максимални 2.500 метри.[1]

Медицински употреби[уреди | уреди извор]

Заради антиоксидантните и антиинфламаторните својства, екстракти од ова растение се користи во традиционалната медицина при заболувања на простатата, мочниот меур и бубрезите. [6][7]



Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Pignatti S. - Flora d'Italia – Edagricole – 1982. Vol. II, pag. 155
  2. Pfaf.org
  3. Flora of Northern Ireland
  4. Plants.usda
  5. Schede di Botanica
  6. Natures Method
  7. Hevesi BT, Houghton PJ, Habtemariam S, Kéry A. Antioxidant and antiinflammatory effect of Epilobium parviflorum Schreb