Прејди на содржината

Ситеста коска

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ситеста коска (Os ethmoidale))

Предлошка:Underlinked

Ситеста коска
Податоци
Назнаки
Латинскиos ethmoidale
TAA02.1.07.001
FMAFMA:52740

Ситестата коска (Os ethmoidale) наликува на терезија и ја ограничува предната черепна јама.
На неа се разликуваат:

  • Вертикален лист
  • Водорамен дел
  • Бочни маси (лабиринти)

Вертикален лист

[уреди | уреди извор]

Со помош на хоризонталниот е поделен на два дела:горниот,покус дел наликува на кикиришка од петел (crista galli) и долен дел кој влегува во состав на носната преграда.

Водорамен дел

[уреди | уреди извор]

Наликува на ситеста плочка (lamina cribrosa) во која има бројни отвори за прием на влакната од мирисниот нерв. Ситестата плочка учествува во градбата на покривот од носната празнина.

Бочни маси (лабиринти)

[уреди | уреди извор]

Се наоѓаат меѓу орбитата и носната празнина бочно од водорамниот лист. Внатрешноста на лабринтите е поделена на бројни шуплини означени како етмоидални синуси (sinus ethmoidalis). На внатрешната страна се наоѓаат две носни школки, горна и средна кои ограничуваат два носни ходника горен и среден.