Ситатунга
Ситатунга | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Tragelaphus |
Вид: | Ситатунга |
Научен назив | |
Tragelaphus spekii (Speke, 1863) | |
Синоними[2] | |
|
Ситатунгата или маршбук (Tragelaphus spekii) е вид на антилопа која живее во централна Африка, во земјите: Демократска Република Конго, Камерун, во делови од Јужен Судан, Гана, Боцвана, Замбија, Габон, Танзанија, Уганда и Кенија. Овој вид за првпат е опишан од англискиот истражувач Џон хенинг Спик во 1863 година.[2] Ситатунга е антилопа од средна големина. Мажјаците достигнуваат висина од околу 81–116 cм (32–46 ин), а женките околу 72–90 cм (28–35 ин). Мажјаците тежат околу 76–119 kg (168–262 lb), додека женките 24–57 kg (53–126 lb). Крзното на овие антилопи е водоотпорно. Само мажјаците имаат рогови кои се во спирална форма, и со должина од околу 45–92 cм (18–36 ин).
Живеалишта и однесување
[уреди | уреди извор]Ги населува трајните мочуришта и слични водни живеалишта. Има долги зашилени, широки и плоскави чапунки и исклучителноеластични ножни зглобови, коишто се приспособени за движење по мека каллив почва. Кога ја лови копнен грабливец, оваа антилопа бега во вода од каде што и се наѕираат само очите и носот. Ноќе мажјакот се огласува (лае), испуштувајќи звуци за предупредување или за означување на територијата. Кога ќе се сретнат, две животни си ги одмеруваат силите и удираат со роговите во почвата. Мочуришната антилопа јаде многу видови копнени и водни растенија, вклучувајќи трска, трева и листови од грмушки. Додека се храни, може да стои во водата, којашто и допира до плеќите. Само мажјакот има спирални рогови со бројни попречни задебелувања. Неговото влакно има сивкаста нијанса, додека жената е од кафеава до костенлива. Двата пола имаат бели влакна околу очите, на образите и по телото. Женките живеат сами или во групи до три животни. Раѓаат само едно младенче (ретко две). Бременоста трае 247 дена.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ IUCN SSC Antelope Specialist Group (2008). „Tragelaphus spekii“. IUCN Red List of Threatened Species. IUCN. 2008: e.T22050A9352077. doi:10.2305/IUCN.UK.2008.RLTS.T22050A9352077.en. Посетено на 27 August 2016.
- ↑ 2,0 2,1 "Order Artiodactyla"