Прејди на содржината

Станово

Координати: 40°41.32′N 23°2.11′E / 40.68867° СГШ; 23.03517° ИГД / 40.68867; 23.03517
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ситана)
Станово
Στάνοβο
Станово is located in Грција
Станово
Станово
Местоположба во областа
Станово во рамките на Лагадина (општина)
Станово
Местоположба на Станово во Лагадина и областа Централна Македонија
Координати: 40°41.32′N 23°2.11′E / 40.68867° СГШ; 23.03517° ИГД / 40.68867; 23.03517
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаЛагадина
Надм. вис.&10000000000000150000000150 м
Население
 • Вкупноиселено
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Станово или Станево (грчки: Στάνοβο) — поранешно село во Лагадинско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лагадина на Солунскиот округ, Грција. Било населено со погрчени Македонци, во изворите погрешно наведувани како „Грци“.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на западниот брег на Лагадинското Езеро, јужно од Каваларци, во подножјето на истоимениот врв Станово.

Во Станово стојат урнатините на поствизантиската црква „Св. Ѓорѓи“.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Селото веројатно настанало во средниот век. Се спомнува како Истанова, Ситана, Станево. Во османлиските дефтери од XVII – XVIII век се води како чифлик Лагадинската нахија на Солунската каза.[2]

Според Васил К’нчов:

Селото Станево или Ситана е полупогрчено.[3]

Според неговата статистика („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. во Ситана (Станево) живееле 100 жители „Грци“ христијани (всушност погрчени Македонци).[4]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Станово (Stanovo) имало 85 „Грци“.[5]

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото е заведено како напуштена населба, веројатно поради војните.[6] На пописот од 1920 г. Станово имало 20 жители, кои во 1928 г. нараснале на 77 лица.[6]

Малку подоцна селото се распаднало поради маларичноста на теренот, а населението се преселило во соседното македонско село Каваларци.[6]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
  1. „Καβαλάρι“. Δήμος Λαγκαδά. Архивирано од изворникот на 20 април 2013. Посетено на 8 јуни 2014.
  2. Μακροπούλου, Δέσποινα, Κωνσταντίνος Κατσίκης (2014). Κειμηλιακό Απόθεμα σε Ναούς της περιφέρειας Θεσσαλονίκης από τον 16ο ως τον 20ο αιώνα. Φορητές Εικόνες, Λειτουργικά Αντικείμενα, Παλαίτυπα και Χειρόγραφα Βιβλία, Τεύχος 1 (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Στοά των Επιστημών - Ακαδημία Θεσμών και Πολιτισμών. Βυζαντινή Μακεδονία και Θράκη. стр. XXI. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-06-12. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 70. ISBN 954430424X.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 173. ISBN 954430424X.
  5. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 196–197.
  6. 6,0 6,1 6,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 299. ISBN 9989-9819-6-5.