Системот HACCP

Од Википедија — слободната енциклопедија

НАССР системот претставува алатка со која операторите во прехранбената дејност може да вршат контрола на опасностите кои можат да се појават во храната.НАССР системот е заоснован на седум принципи со кои на ефикасен начин се осигурува потполна здравствена безбедност на прехранбените производи во сите сегменти на призводство и преработка.Предностите на примената на HACCP системот се во тоа што се редуцираат болестите од храна, ги обезбедуваат граѓаните со здравствено безбедни и прехранбени производи, овозможуваат исполнување на законските регулативи и поефикасено инспекциско надгледување, поефективна работа на прехранбените произведители, ја зголемува конкурентноста на светскиот пазар, овозможува ефикасно воведување на нови технологии и производи и го зголемува профитот.

НАССР принципи[уреди | уреди извор]

7-те НАССР Принципи, дефинирани од Комисијата на Цодеџ Алиментариус се:

Принцип 1
  • Спроведување на анализа на опасностите.
  • Изготвување на дијаграм на процесот на производство и идентификација на потенцијалните микробиолошки, хемиски и физички опасности, кои може да се појават во секоја фаза од процесот, вклучувајќи контрола на истите.
Принцип 2
  • Одредување на Критичните Контролни Точки (ККТ)
  • Со помош на стеблото на одлука се одредуваат ККТ.
Принцип 3
  • Одредување на критични граници.
  • Критичните граници претставуваат мерлива контролна вредност, која ја одредува прифатливоста.
Принцип 4
  • Воспоставување на систем за мониторинг на ККТ .
  • Спроведување на контролни мерки при дефинирана честота, со цел да се потврди дека процесот се одвива во рамките на контролните граници.
Принцип 5
  • Воспоставување на корективни акции кога ККТ-ки не се под контрола.
  • Акцијата која треба да се преземе при одредени отстапувања е дефинирана како корективна акција.
Принцип 6
  • Воспоставување на процедури за верификација на НАССР планот.
  • Проверки кои се спроведуваат за да се потврди дека НАССР системот е валиден и ефикасен.
Принцип 7
  • Воспоставување на потребна документација, вклучувајќи ги сите процедури и записи, кои ги исполнуваат барањата на НАССР принципите и примена на истите.
  • Документирана НАССР студија, која вклучува табели, записи од мониторингот на ККТ и други потребни документи и записи.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

http://sezahrana.tumblr.com/post/26208675944

http://iqs.com.mk/HACCP.html