Сируш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сируш (Mušḫuššu)
Видмитолошки хибрид
ПодвидЗмеј
Слични суштестваХидра
МитологијаВавилонска митологија
Други имињаСируш
ПодрачјеМесопотамија

Сируш е суштество насликано на реконстрираната Порта на Иштар од градот Вавилон, што потекнува од 6 век п.н.е. Тоа е митолошки хибрид: змеј прекриен со крлушки, на задните нозе има канџи од орел, предните нозе наликуваат на нозе од мачка, долг врат и опашка, глава со рогови, јазик како на змија, и кикиришка.

Потекло и значење на називот[уреди | уреди извор]

Називот Мušḫuššu доаѓа од акадскиот јазик и означува номинатив за сумерскиот термин Мušḫus што во превод значи „црвеникава змија“ или „жестока змија“[1], но може да значи и „раскошна змија“ или „сјајна змија“[2].

Во астрономијата[уреди | уреди извор]

Соѕвездието Хидра, кое во вавбилонската астрономија било познато како Muldmuš (змија)[3], претставувало змија со предни нозе на лав, без задни нозе и со глава на Сируш.[4][5] Ова чудовиште ги инспирирало Грците да го создадат суштеството познато како Лернејска хидра, што подоцна било основа за современиот приказ на Хидрата.

Криптозоологија[уреди | уреди извор]

Германскиот археолог Роберт Колдевеј, кој ја открил Портата на Иштар во 1902 година, сериозно ја разгледувал идејата дека сируш е портрет на животно што постоело. Тој сметал дека сликите во Вавилонската уметност се исти со векови, но оние на митолошките суштества се менувале, понекогаш драстично за неколку години. Исто така, Роберт Колдевеј забележал дека сируш е насликан веднаш до постоечки животни (лав и тур), што го навело да претпостави дека сируш е животно добро познато на Вавилонците.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Electronic Text Corpus of Sumerian Literature“. Etcsl.orinst.ox.ac.uk. 19 декември 2006. Архивирано од изворникот на 2018-06-15. Посетено на 25 август 2014.
  2. Costello, Peter (1974). In Search of Lake Monsters.
  3. The Assyrian Dictionary, vol. 10 part II. стр. 270.
  4. F.A.M. Wiggerman,Snake Gods”
  5. E. Weidner, Gestirn-Darstellungen auf Babylonischen Tontafeln (1967) Plates IX-X