Сиртаки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Микис Теодоракис, творецот на сиртаки

Сиртаки (на грчки: συρτάκι), познат и како Танцот на Зорба, е грчки танц создаден во 1964 година за филмот Гркот Зорба. Овој танц не е грчки народен танц, тој се состои од брзи и бавни мотиви земени од стариот танц Хасапико. Самиот танц и музика се дело на Микис Теодоракис[1] .

По премиерата и успехот на филмот Гркот Зорба, овој танц станал најпопуларниот танц во светот и симбол на Грција.

Сиртаки доаѓа од зборот сиртос што означува група на критски танци. Се игра во линија или во круг, започнува со бавни движења кој постојано стануваат побрзи и поштри, придружени со подскокнувања.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Οι δρόμοι του αρχάγγελου Ι-V (Mikis Theodorakis, Paths of the Archangel (Autobiography), Kedros Publishing House, Athens 1986-88)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]