Бело сирење
| ||||
---|---|---|---|---|
![]() | ||||
Земја на потекло | Балкански Полуостров | |||
Регион, град | - | |||
Тип на млеко | Овчо, кравјо или козјо | |||
Пастеризирано | Зависи од видот | |||
Состав | Зависи од видот | |||
Созревање | минимум 3 месеци | |||
Потврда | ЗП |
Бело сирење (или понекогаш само сирење) е вид на бело сирење во расол кое се прави во Македонија како и во повеќе земји на Балканот и е слично на фета сирењето. Ова сирење ужива многу висок статус во локалните кујни и е важен дел од традиционалната исхрана во овие региони со векови. Белото сирење може да се прави од овчо, козјо или кравјо млеко, а често се среќава и во комбинацијата овчо-кравјо. Сирењето е ронливо со масленост од 40-45%. Се произведува во блокчиња, со малку грануларен состав. Вкусот му е свеж и лимонест. Се употребува посебно, како и во салати и разни печени јадења.Сирњето е ценета намирница поради својата трајност, преносливост и високиот процент на масти, протеини, калциум и фосфор. Сирењето е компактна и долготрајна храна од млеко.
Сирењето како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
- „православното сирење и бракот“ - кус расказ на македонскиот писател Хигсов Бозон од 2011 година.[1]
Биено сирење[уреди | уреди извор]
Биеното сирење е полномасно сирење со изразито жолта боја и специфична арома кое се обработува на традиционален начин со рачна изработка која потекнува од маиовскиот крај на Македонија. Добиено од пастеризирано кравјко млеко богато витамини, калциум и други хранливи состојки кои се потребни на организмот за извршување на секојдневните активности[2].
Галерија[уреди | уреди извор]
Сирење во комбинација со ајвар
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011.
- ↑ User, Super. „Биено сирење“. Mlekara MIKI. Посетено на 2017-11-28.