Прејди на содржината

Син гурами

Од Википедија — слободната енциклопедија
Trichopodus  trichopterus
Син гурами

Син гурами, троточкест гурами или златен гурами (латински: Trichopodus trichopterus) — автохтон вид на риби кои живеат во застојани или бавно движечки слатководни живеалишта во Југоисточна Азија, почнувајќи од Кина, преку копното на Југоисточна Азија (Камбоџа, Лаос, Малезија, Мјанмар, Сингапур, Тајланд и Виетнам) до Јава, Борнео и Суматра.[1]

Тие се широко распространети надвор од нивниот роден опсег, како што се Филипините, Сулавеси и југозападен Тринидад. Овие риби живеат во мочуришта, езерца и канали. Тие мигрираат за време на сезоната на поплави од постојани водни тела до поплавени области, како што се сезонски поплавените шуми на централен и долен Менког. За време на сувата сезона, тие се враќаат во постојаните водни текови. Овие риби се хранат со зоопланктони, ракови и ларви од инсекти. Мажјакот гради меурчиња за јајцата, кои ги чува (агресивно).

Мрестење

[уреди | уреди извор]

Разликата помеѓу машкиот и женскиот син гурами е во грбната перка. Кај мажјаците, грбната перка е долга и зашилена, а аналната перка е исто така зашилена, додека кај женките таа е пократка и заоблена. Сепак, некои женки може да имаат грбна перка долга како мажјаците.

Кога е подготвен за парење, мажјакот гради гнездо слично на балон и плива напред-назад за да ја привлече женката. Женката може да положи до 800 јајца. По мрестењето, женките се одделуваат во друг аквариум, бидејќи мажјаците се склони кон агресија. Мажјакот ги чува јајцата и младите, но се отстранува од аквариумот штом младите ќе можат слободно да пливаат. По изведувањето во аквариумот, честите промени на водата, особено во текот на третата недела, се препорачуваат за да се обезбеди здравјето на младите, бидејќи во овој период се развива органот што го збогатува нивното дишење.

Сините гурами се познати по тоа што ја менуваат бојата ако се под стрес или во лоши услови и средини (дамките на грбот бледнеат). Здравите риби имаат две живописни црни точки од двете страни на телото, но и тие бледнеат со возраста.

Во аквариум

[уреди | уреди извор]

Синиот гурами е издржлива риба. Тие можат да се чуваат во аквариум со различни единки кои се слични по големина и темперамент. Иако мажјаците може да делат територија едни со други, тие се повлекуваат кога во областа се појавуваат други, поагресивни риби.

Мажјаците гурами се познати по тоа што се многу агресивни и можат да ги одгризат перките на други риби и да предизвикаат проблеми во аквариумот. Тие често покажуваат агресија кон видовите што имаат долги и грациозни перки, како што се машките гупи, златни рипки и бети, бидејќи имаат долги перки и се светло обоени, со што претставуваат конкуренција за женките гурами.

Женските гурами понекогаш им пречат на другите риби. Иако на акваристите им се советува да не чуваат заедно повеќе гурами, троточкестите гурами кои се групирани во парови (обично женки, особено ако се во роднинска врска) и кои имаат стабилни особини можат успешно да живеат заедно, со доволно простор за пливање. Ова зависи од различните индивидуални особини, но тоа е заслуга на акваристот. Во овие ситуации, обично една риба гурами може да преземе подоминантна улога и да порасне поголема, а понекогаш да ги предизвикува или да си игра со помалите риби, сепак ќе се толерираат и ќе соработуваат едни со други.

  1. Low, B.W. (2019). Trichopodus trichopterus. Црвен список на загрозени видови. 2019. doi:10.2305/IUCN.UK.2019-2.RLTS.T187981A89805622.en. Посетено на 19 November 2021. Занемарен непознатиот параметар |article-number= (help)