Синиша Гогиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Синиша Гогиќ (роден на 20 октомври 1963 година) е фудбалски тренер и поранешен професионален играч кој играл на позицијата како напаѓач.

На клупско ниво настапувал за југословенските клубови Раднички од Ниш и ФК Рад, за грчкиот фудбалски тим на Олимпијакос (1997–2000), кипарските тимови АПОЕЛ, Анортозис од Фамагуста и Олимпијакос од Никозија и фудбалската репрезентација на Кипар. Тој е роден во Југославија, но го претставувал тимот на Кипар на меѓународно ниво. По завршувањето на играчката кариера станал тренер.

Кариера[уреди | уреди извор]

Гогиќ е роден во Ниш, СР Србија, СФР Југославија. Својата кариера ја започнал во клубовите од Југословенската прва лига ФК Раднички од Ниш и ФК Рад. Гогиќ првпат заминал на Кипар во 1989 година кога настапувал за тимот на АПОЕЛ каде што ја освоил шампионската титула во својата прва сезона. Истата година Гогиќ станал најдобар стрелец во кипарската прва лига со вкупно 19 голови. Тој останал во екипата на АПОЕЛ неколку години кога и повторно го освоил првенството. Шампион со клубот бил во 1991-92, а освојувач на Купот на Кипар во 1992-1993 година. Во 1993 година, по расправија со тренерот на АПОЕЛ, тој си заминал од клубот и преминал во Анортозис. Во новиот клуб повторно бил најдобар голгетер, овој пат со вкупно 26 гола. Наредната сезона (1994/95) му помогнал на Анортозис да го освои првенството на Кипар за прв пат во цели 32 години. Во таа сезона постигнал 24 гола (втор стрелец во лигата). Имал одлична сезона во 1996/97 (14 гола на 13 натпревари) што го привлекол интересот на екипата на Олимпијакос од Пиреја. Гогиќ му се приклучил на клубот на Олимпијакос во 1997 година на 33-годишна возраст. Во Олимпијакос преминал од кипарскиот тим на Анортозис од Фамагуста.

Во Олимпијакос останал 4 години, за кое време тимот доминирал во домашната лига. Тие четири години Олимпијакос станал шампион во Грција од 1997 до 2000 година. Сезоната 1998/99 година, била најдобрата за екипата на Олимпијакос, бидејќи клубот ја освоил двојната титула и за прв пат стигнал до четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА. Гогиќ важел за еден од најдобрите играчи на составот на Олимпијакос во грчкото првенство, но и во европското натпреварување. Неговиот прекар меѓу навивачите бил „Папус“, што значело „дедо“, бидејќи многу доцна во кариерата дошол до клупски успеси на високо ниво.

На првиот натпревар против екипата ФК Порто, кога Олимпијакос губел со резултат од 2:0 на гостински терен, Гогиќ ги одиграл последните пет минути и со неговиот гол екипата на Олимпијакос го израмнила резултатот на 2:2. Постигнал уште неколку голови во групната фаза. Подоцна, Олимпијакос се соочил со екипата на Јувентус во четвртфиналето. По поразот од 2:1 на гостински терен на стадионот Деле Алпи, екипата на Олимпијакос имала реални можности за минување понатаму. Гогиќ на возвратниот натпревар играл за целиот период. Овој натпревар се играл на Олимпискиот стадион (Атина). Во првите 15 минути, тој постигнал гол за својот клуб. Овој резултат кој му одговарал на клубот, бил непроменет до 85 минута, кога фудбалерот Антонио Конте израмнил за екипата на Јувентус, а составот на Олимпијакос бил елиминиран.

Една година подоцна, Гогиќ го напуштил составот на Олимпијакос и се вратил на Кипар, каде повторно му се приклучил на неговиот омилен тим АПОЕЛ. Во 2001–02 Гогиќ му помогнал на својот тим уште еднаш да го освои првенството на Кипар постигнувајќи 16 голови на 26 натпревари.

Во сезоната 2002-2003, по финансиските разлики со екипата АПОЕЛ, тој настапувал шест месеци за составот на Олимпијакос од Никозија, каде и ја завршил својата играчка кариера.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

На 42-годишна возраст Гогиќ станал тренер во младинските академии на екипата на Олимпијакос, а потоа на 44 годишна возраст бил тренер на кипарскиот тим Аполон од Лимасол ФК. На 14 септември 2008 година бил именуван за помошник тренер во екипата на Црвена ѕвезда од Белград, а потоа на 9 мај 2009 година станал главен тренер во Црвена ѕвезда, на местото на дотогашниот тренер Чедомир Јаневски.[1] На 12 јуни 2009 година, Гогиќ се договорил со претседателот на екипата на Панетоликос ФК, Фотис Костулас, да ја преземе функцијата тренер на клубот, на местото на дотогашниот Василис Далаперас. На 18 февруари 2010 година, тој потпишал за екипата на Шенжен Руби. Гогиќ го водел младинскиот тим на Олимпијакос во сезоната 2011-12.

Во јуни 2012 година, Гогиќ бил ангажиран во Фудбалската лига на Грција,од страна на испаднатиот клуб Ерготелис. Тој имал намера веднаш да го врати во Суоперлигата.[2] Клубот го водел во период од 9 месеци и половина, со импресивен резултат од 12−5−3 (победи - нерешени - порази) на крајот од првата полусезона. Сепак, перфомансите на Ерготелис значително опаднале во текот на втората полусезона бидејќи тимот се мачел и на домашен и на гостински терен да освои бодови. На крајот тимот завршил на 3-то место на првенствената табела.[3] Откако успеал да постигне резулатат од 3−5−3 за време на втората полусезона од натпреварувањето, одборот на директори на клубот одлучил да го раскине договорот со Гогиќ. Тоа се случило на 16 април 2013 година.[4]

Во мај 2013 година, Гогиќ бил ангажиран од екипата на Ираклис.[5]

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Неговиот син Алекс Гогиќ е исто така фудбалер и кипарски репрезентативец.[6]

Признанија[уреди | уреди извор]

Клупски признанија[уреди | уреди извор]

АПОЕЛ

  • Освоена е Кипарската прва дивизија: 1989-1990, 1991-1992, 2001-2002 и
  • Осбвоен е Кипарскиот Суперкуп: 2002 година

Анортозис

  • Освоена е Кипарската прва дивизија: 1994-1995, 1996-1997;
  • Освоен е Кипарскиот Суперкуп: 1995 година и
  • Второпласирани во Кипарскиот куп: 1993-1994 година

Олимпијакос

  • Освоено е Грчкото првенство: 1997-1998, 1998-1999, 1999-2000 и
  • Освоен е Суперкупот на Грција: 1998-1999 година

Индивидуални признанија[уреди | уреди извор]

Најдобар стрелец во кипарската прва дивизија: 1990, 1994 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Siniša Gogić – golgeter i trener
  2. „Ο Σίνισα Γκόγκιτς ανέλαβε την τεχνική ηγεσία του Εργοτέλη (Sinica Gogic is the manager of Ergotelis)“ (грчки). Irakleio: In.gr. 28 June 2012. Архивирано од изворникот на 3 July 2012.
  3. „Εργοτέλης: Διαζύγιο με Γκόγκιτς“ (грчки). onsports.gr. 17 April 2013.
  4. „Παρελθόν ο Γκόγκιτς (Greek)“. novasports.gr. 17 April 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2022-01-25.
  5. „Η ΠΑΕ ΗΡΑΚΛΗΣ 1908 ανακοινώνει την πρόσληψη του προπονητή κ.Gogic Sinisa στην τεχνική ηγεσία του ΗΡΑΚΛΗ“ (грчки). Thessaloniki: fciraklis.gr. 29 May 2013. Архивирано од изворникот на 18 June 2013.
  6. „Gogic Signs“. Hamilton Academical F.C. 25 February 2017. Архивирано од изворникот на 2017-03-30. Посетено на 10 January 2022.