Прејди на содржината

Синесиј Димитров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Синесиј
Охридски митрополит[б 1]
Началствува1890 – 1891
ПретходникНатанаил
НаследникГригориј
Лични податоци
Световно имеСтоимен Райнов Димитров
Роден10 октомври 1836
Скринјано, Ќустендилско, Отоманско Царство
(денешна Бугарија)
Починал16 декември 1917
Ќустендил, Царство Бугарија
ВероисповедПравославие
Потпис{{{signature_alt}}}

Синесиј бил бугарски православен духовник, охридски (1884 - 1891) и скопски митрополит (1896 - 1909) на Бугарската егзархија.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Синесиј бил роден на 10 октомври 1836 година, во ќустендилското село Скринјано. Пред да биде избран за охридски митрополит, бил заменик епископ во Штип (1875 – 1877), а раководел и со епархијата во Пловдив (1877 – 1878), а подоцна и со епархијата во Одрин (1878 – 1884, 1888 – 1890). Поради грчките интриги пред османлиската власт, тој добил берат дури на 1 август 1890 година.[1]

Во Охрид пристигнал на 15 август, каде освен со грчкото и османлиското противење се соочил и со новата српска пропаганда, која постепено се раширила по признавањето на автокефалноста на Српската православна црква од страна на Константинополската патријаршија во 1879 година. Имено, откако Патријаршијата го увидела големиот успех на Егзархијата во Македонија и свесна за своите големи загуби на оваа територија, своевиден спас на својата јурисдикција врз македонските епархии гледала во тесна соработка со Србија, што би требало да разултира со „заштита на српското население од споменатите епархии, кои како православни припаѓаат на јурисдикцијата на Патријаршијата, но постои закана да се бугаризираат преку Бугарската егзархија“. По пристигнувањето во Охрид, Синесиј извршил обиколка на епархијата, а осветил и повеќе храмови. Тој бил обвинет и за убиството на свештеникот Стојан Крстев во 1890 година во с. Подгорци, кој неколку месеци пред овој настан одбил да го прими митрополитот Синесиј во селскиот храм. Но, спроведената истрага покажала дека убиството го извршил некој Албанец – личен непријател на свештеникот. Сепак, оваа случка била искористена од страна на српската пропаганда со тенденција да го претстави свештеникот Стојан како свој херој. Подоцна, неговиот син, кој ќе биде воспитан во Белград, ќе биде поставен за сенатор во времето на српскиот крал Александар.[1]

Според сведоштвото на С. Радев, Синесиј не бил многу образован човек и за разлика од неговиот претходник Натанаил не се одликувал со посебни лични квалитети и капацитети, освен со надворешна убавина. Добро говорел турски јазик. Умеел да ги покори чорбаџиите и да воспостави поредок меѓу свештенството. Синесиј се обидел да го поткупи битолскиот валија Мехмед Фаик паша Селаникли за да го даде на Егзархијата патријаршискиот манастир Сврти Наум, но не успеал во тоа, бидејќи му била побарана огромна сума од 1000 лири, а Егзархијата за таа цел беше издвоила само 300 лири. Бидејќи кога дошол во Охрид, Синесиј веќе бил со нарушено здравје, повеќепати барал од Егзархијата да биде разрешен и да му се дозволи да се лекува во Цариград. Барањето за разрешување од Охридската епархија му е прифатено конечно на 17 јули 1891 година, кога заминува во Ќустендил.[1] На негово место за митрополит во Охрид е поставен Григориј.

  1. Како митрополит на Бугарската егзархија, која во тој период е во шизма со Цариградската патријаршија. Патријаршиски митрополит Охридски во тој период е Александар Тријандафилидис (1880 – 1892), со седиште во Крушево.
  1. 1 2 3 Недески, Виктор (2022). „Црковните прилики во Охридската епархија во втората половина на XIX век“ (PDF). Зборник на трудови: 70 години Завод и музеј-Струмица: 101–109.