Синевир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Синевир
Синевир
Synevyr lake 1.jpg
ПодрачјеМеѓугорски Реон, Закарпатска Област
Координати48°37′01″ СГШ; 23°41′02″ ИГД / 48.617° СГШ; 23.684° ИГД / 48.617; 23.684Координати: 48°37′01″ СГШ; 23°41′02″ ИГД / 48.617° СГШ; 23.684° ИГД / 48.617; 23.684
Главни приливи3
Главни истеци1 (подземен)
Сливни земјиУкраина
Површина&0101010101010101010101010101010129999990,04-0,07 км2
Прос. длабочина8-10 м
Најг. длабочина22 м
Надм. височина989 м
Острови"Морско око" (моментално под вода)

Синевир (украински: Irkelr,) - планинско езеро во Украина, најголемото во Украинските Карпати и најголемото планинско езеро во државата.[1] Се наоѓа во Меѓугорскиот Реон, Закарпатска Област на Украина. Заради убавината се нарекува и „Бисерот на Карпатите“.[2] Како многу други места, и тоа езеро е обвиено со легенди и загатки.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Езерото Синевир е сместено среде шумите и карпите по јужните падини на планинскиот масив Горгани, во надворешниот појас на Карпатите.[1] Обградено е од планините Езерна (1495 m) и Сленизир (1235 m).[3] Се наоѓа на територијата на истоимениот национален парк, создаден во 1989 година на површина од 40 400 ha.[1][4] Најблискиот населен пункт до него е селото Синевирска Полјана, кое се наоѓа приближно на 5 km од езерото.[5]

Се наоѓа на 989 m надморска височина, неговата максимална длабочина достига до 24 m, средната е 10 – 12 m, а во посуви години паѓа на околу 8 m. Површината му варира од 4,5 до 7,5 ha, а обемот достига до 400 000 m3.[2][3][6][7] Површината и длабочината се менуваат во зависност од количеството врнежи во текот на годината. [5] Подводно издигнување на теренот со височина од 1,5 до 11 m го дели езерото на два дела – подлабока северен и поплитка јужен.[3]

Потекло[уреди | уреди извор]

Езерото Синевир и малото островче во средината
Информативна табела

Езерото настанало во текот на постглацијалниот период, пред околу 10 000 година. Се образувало по силен земјотрес, при што патот на брзиот поток кој течел низ планината е блокиран. Котлината образувана при тој процес брзо се полни од околните потоци.[6] Во неговиот центар се издига мало островче со површина не поголема од неколку квадратни метри, кое се јавува само во текот на суви и жешки лета кога врнежите се слаби. Чистите и прозрачни води на езерото овозможуваат добро да се гледа дното и многубројните риби кои пливаат во него.[1][2][6]

Синото езеро, со потемниот остров во средината, особено гледано од околните врвови, наликува на сино око со темна зеница. Заради тоа, езерото добило и друго романтично име - Морско око.[1]

Хидрологија[уреди | уреди извор]

Во Синевир се вливаат три-четири планински рекички, кои го одржуваат високото ниво на неговите води преку целата година.[1] Се полни од подземни води кои се спуштаат по планинските падини.[3] Захранва се и од подпочвените води, които се спускат по планинските склонове.[3] Близо до него се сливат двете малки реки Слобода и Ростока, които дават началото на река Теребля, десен приток на Тиса. На 2 km надолу по нејзиниот тек во неа се влива реката Черна.[1]

Езерото е отточно и нивото му се регулира од подземен ручей, започващ од дъното му.[3] Амплбитудата на колебание на езерните води е 4 – 4,5 m.[7] Повърхностният му отток е прекъснат од планинско свлачище, но водата преминава през своеобразно отверстие на дъното и върви като подземно течение. Излиза на повърхността на 60 m под нивото на езерото и на 350 m од него.[7] Образува малка рекичка, която се влива во Теребля.[2][3][6][8] Благодарение на тази особеност Синевир никога не излиза од бреговете си, дори и при най-проливни валежи и бързо снеготопене.[1]

Тъй като е разположено високо во планината и доста дълбоко, дори през лятото водите му винаги остават студени.[1] Температурата им не надвишава средната стойност од 10° – 12° през лятото.[6] во най-горещите дни водата става по-топла само на 1 – 2 метра од брега, а навътре остава все така леденостудена.[1] През лятото повърхността ѝ може да се нагрее до 18°, но заради слабото вертикално движение на водните маси, с увеличаване на дълбочината тя спада до 4° – 5°. Езерната вода се отличава с необикновен вкус, тъй като е лишена од хлориди.[3][7]

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Низ прозрачните води се гледа движењето на многу риби
13-метарската дрвена скулптура на Син и Вир

Езерото е опкружено од вековни букови и четинари, главно смрча и ела, кои достигаат речиси до површината на водата.[1] Многу од нив се постари од 100 години, а голем дел се 140 до 160-годишни.[8] Во паркот се среќаваат околу 90 вида ретки и загрозени растенија, а во Црвениот список на Украина се запишани 22 вида животни и 40 вида растенија.[2][4]

Иако, наоколу често има туристи и доста луѓе, можно е крај езерото да се сретнат диви животни.[1] По бреговите и околината живеат планинска срна, европски елен, мечка, рис, волк, лисица, јазовец, хермелин и многу други ретки животински видови. Нивниот број им расте, заради строгата забрана за лов во околината.[2]

Водите на Синевир се кристално чисти и богати со кислород и тоа дава възможност во него да се види меджид и големо количество пастрмка, која може да живее само во чисти и студени води.[1][3] Во езерото се откриени три вида пастрмка – езерска, виножитна и изворска.[8] Тука риболовот е забранет. Во блиската околина течат неколку рекички, каде оваа риба може да се лови. Исто толку многубројни во езерото се и раковите.[2]

Туризам[уреди | уреди извор]

Територијата околу езерото е внимателно дотерана и подготвена за туристички посети, а сите знаци на цивилизацијата се вешто вклопени во околната средина. Околу езерото се поставени декоративни скулптури.[1]

Езерото и националниот парк често се посетувани од туристи – пешки со ранци и шатори, со автомобили или автобуси.[1] Приближувањето на автомобили на помалку од 0,5 km од паркот е забрането.[3] Се организираат екскурзии од различни населени места во земјата.[1]

На територијата на езерото и паркот забранет е ловот, сеча и секое друго нарушување на дивата природа. Синевир привлекува многу туристи, но за нив постои сериозен.[1] Тие не смеат да подигнат шатори или запалат оган на помалку од 50 m од водата.[8] Во спротивен случај се предвидени огромни казни. Шатори можат да се постават и вон територијата на паркот.[1]

Недалеку од езерото се наоѓа единствениот музеј во Европа, посветен на користењето на бујните планински реки за транспорт на дрвени трупци, врзани еден за друг како сплавови. Се наоѓа на при вливот на реката Черна во Теребла, таму, каде што во текот на XIX век е изградено оригинално дрвен ѕид со должина 80 m, кој се користел за запирање на сплавовите врзани еден за друг во долга верига.[9] Сличен музеј има само уште во Канада.[6]

Легенди[уреди | уреди извор]

Син и Вир

Место, кое е толку убаво, вообичаено раѓа поетски легенди, исполнети со море од љубов, солзи и страдања. Најпопуларната од нив раскажува за Син, ќерка на локалниот гроф. Таа била многу убава, очите ѝ биле длабоки и сини како небето. Еднаш таа собирала цвеќе во шумата и го сретнала овчарот Вир, кој свирел на кавал. Двајцата млади се вљубиле и девојката се почесто одела на прошетка во шумата и ја слушала музиката на овчарот. Грофот го разбрал тоа и строго ги забранил тие средби. Вљубените продолжиле да се гледаат и покрај заповедта на грофот. Тогаш разлутениот татко наредил да се убие младиот маж. Убијците го издемнале овчарот и турнале над него голем камен. Кога девојката разбрала за смртта на љубениот, го прегрнала каменот и горко заплакала. Солзите се лееле и лееле и скоро го наполниле цело езеро, а самата Син исчезнала во неговите длабоки води. Само островчето во центарот го покажува местото, каде се удавило убавата девојка.[1][3]

Според оваа легенда крај езерото е поставена 13-метарска скулптурна фигура „Солзите на љубовта“, извајана од црвено дрво.[6] Изработена е во 1984 година од вајарите Иван Бровди и Михаил Санич,[3] таа ги претставува двајцата вљубени – девојката Син и момчето Вир. Според легендата, езерото го добила името според нивните имиња.[1][6]

Занимливости[уреди | уреди извор]

Во 2014 година крај езерото е снимен првиот украински, тридимензионален хорор-филм – „Синевир“. Фабулата раскажува за страшно чудовитее, кое живее на брегот на езерото и оди во лов за луѓе. Режисери се Александар и Вјачеслав Аљошечкини, а главните улоги ги играат Сергеј Романјук и Аљона Лавренјук.[4][10]

Наводи[уреди | уреди извор]