Синбад: Легендата за седумте мориња

Од Википедија — слободната енциклопедија

Синбад: Легендата за седумте мориња (англиски: Sinbad: Legend of the Seven Seas) — американски анимиран филм од 2003 година, во режија на Патрик Гилмор и Тим Џонсон. Гласовите во филмот ги позајмуваат: Бред Пит, Кетрин Зета-Џонс, Мишел Фајфер итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Синбад е најомилениот, но истовремено и најозлогласениот, отпадник кој плови по непрегледните мориња, секогаш во потрага по авантури. На едно патување до крајот на светот, тој мора да се соочи со безброј опасности кои му ги подготвува лошата божица Ерис. Притоа, нему му помага убавата принцеза...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Синбад: Легендата за седумте мориња“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 25.