Сина џамија (Eреван)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сина џамија
Կապույտ Մզկիթ
Bluemosqueyerev.jpg
Основни податоци
МестоЕреван, Ерменија
ПрипадностИслам
Осветен1766
Архитектонски опис
Архитектонски типЏамија, музеј
Особености
Минариња1

Сината џамија (ерменски: Կապույտ Մզկիթ, Капујт Мзкит или Գյոյ Մզկիթ, Ѓој Мзкит; азербејџански: Göy məscid; турски: Gök Camii, Ѓок Џами) е џамија која се наоѓа во Ереван, Ерменија. Оваа џамија била изградена во 1766 година во времето на Хусеин Али, хан на Ереван. Тоа е една од најголемите градби во Ереван, кога градот попаднал под руска власт во 1827 година. Во времето на СССР, оваа градба била претворена во музеј на градот Ереван. Но со распаѓањето на СССР кон почетокот на 90-те градбата повторно била претворена во џамија.