Сина јака

Од Википедија — слободната енциклопедија
Заварувач изработува котел за брод, Тенеси, јуни 1942 година.

Сина јака (на англиски: blue-collar; на српски: плава крагна; на хрватски: plavi ovratnik; на руски: синий воротничок) или работник со сива јака е термин кои се користи поединец или член на друштвена група кој за својот живот заработува извршувајќи работа за која не е потребна стручна квалификација, односно за која физичката работа или издржливоста се поважни од образованието. Овој термин потекнува од Соединетите Американски Држави [1] и англискиот јазик и се проширил меѓу останатите јазици ширум светот, а честопати се смета за синоним за традиционалната работничка класа.

Со овој термин се раширил и терминот Бела јака, односно работник за чија работа е потребно образование и стручната квалификација, кој по правило е подобро платен (и има подобра друштвена положба) од сината јака.

Терминот Сина јака доаѓа од работните одела, најчесто со сина боја, кои работниците ги носеле во индустриските фабрики и при извршувањето на други работни задачи за кои е потребана физичка сила (пример: одржување на електричните апарати или водоводната инсталација во канцелариската зграда).

Сините јаки честопати се оценуваат како инфериорни во однос на белите јаки, поради ниското образование и ниските плати, а честопати се предмет на негативни културни стереотипови. Класичен пример е презирот кои се искажува кон вработените во рестораните на Мекдоналдс со изразот Мекработа, односно личности кои биле премногу мрзливи или глупи за да го продолжат академското образование или да стекнат квалификација за работа на белите јаки.

Меѓутоа, Сините јаки од друга страна честопати се предмет на позитивни културни стереотипови, како што е нивниот здрав разум, здравата и неоштетена работна етика, чувство за заедништво и солидарност, грижа за семејството и други конзервативни вредности кои честопати недостасуваат кај индивидуалците од класата на белите јаки.

Наводи[уреди | уреди извор]