Синан-бегова џамија (Чајниче)
| Синан-бегова џамија | |
|---|---|
Чајниче во 1900 година. Во преден план е Синан-беговата џамија. | |
| Религија | |
| Припадност | ислам |
| Локација | |
| Локација | Чајниче, Република Српска, Босна и Херцеговина |
![]() | |
| Архитектура | |
| Тип | џамија |
| Стил | отоманска |
| Завршена во | 1570 |
| Спецификации | |
| Купола(и) | 1 |
| Минаре(иња) | 1 |
Историја
[уреди | уреди извор]Позната како најубава и највпечатлива во Чајниче.[1] Била еден од бисерите на отоманската архитектура на просторот на Горажданското муфтиство.[2] Синан-бег Бољаниќ ја изградил џамијата во средиштето на Чајниче во 1570 година. Како споменик од прва категорија е вклучен во списокот на светско наследство. За време на војната во БиХ, џамијата била целосно уништена на 8 јуни 1992 година,[1] вклучувајќи ги двете турбиња и еден шадрван. Темелите биле покриени со голем слој земја и ѓубре, поради што било неопходно да се пронајдат темелите и да се расчисти теренот при обновата.[2] Местото и остатоците од градежната целина на 6 јули 2004 година биле прогласени за национален споменик на Босна и Херцеговина. Се состои од местото и остатоците од џамијата, гробиштата, шадрванот и турбе во џамискиот ѕид, џамискиот ѕид со влезната капија и чешма и турбе со гробишта спроти џамијата.[3] Џамијата се обновува од јули 2016 година.[1] Камен-темелникот за обнова на џамијата бил поставен во недела на 17 јули.[2] Паралелно со него се гради турбе во харемот на џамијата и турби до харемот.[1] Парите за обнова ги обезбедила главната дирекција вакафот на Република Турција во соработка со Вакафската дирекција на Исламската заедница во Босна и Херцеговина.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 Fokus.ba FENA: U ovom mjesecu nastavak obnove džamije Sinan-bega Boljanića, 12. ožujka 2019. (пристапено на 8 август 2019)
- 1 2 3 4 (boš.) Klix E.A.: Obnavlja se džamija Sinan-bega Boljanića u Čajniču, spomenik svjetske baštine, 16. srpnja 2016. (пристапено на 8 август 2019)
- ↑ Povjerenstvo za očuvanje nacionalnih spomenika BiH Архивирано на 5. prosinca 2021.. Odluka o proglašenju nacionalnim spomenikom Bosne i Hercegovine (пристапено на 29 јули 2019)
