Прејди на содржината

Симчо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Симчо
АвторВелко Неделковски
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрроман за деца
ИздавачДетска радост
Издадена
1988
Медиумпечатено издание
Страници201

Симчо — роман на македонскиот писател Велко Неделковски, издаден во 1988 година.

Содржина

[уреди | уреди извор]
Внимание: Овој дел од статијата обелоденува содржина на книгата.

Симчо е примерен шестоодделенец, кој живее во дом растргнат меѓу лошиот животен стил на татко му, бескрајната загриженост на мајка му и нивните меѓусебни кавги. И покрај сите проблеми, Симчо наоѓа сила да се справи со неволјите во кои е вовлечен без своја вина, со осудата и неправедниот однос на околината и, конечно, со својот честопати груб и неодговорен татко. Истраен и искрен, Симчо всушност е столбот на кој ќе се потпре неговото семејство и ќе го најде патот кон посветла иднина.[1] Романот има 21 поглавје. Приказната е поделена на два сегменти: домашниот живот на Симчо и школскиот живот, каде се следи приказната на другарството на Симчо со Крсте, дете од средната класа. Социјалната подвоеност е јасно прикажана од авторот, како и проблемите со кои се соочуваат двете деца. Сепак главниот акцент е ставен на тешката тема: алкохолизам во семејството и сиромаштијата и проблемите кои произлегуваат од порокот. Авторот вешто ја ткае приказната задржувајќи го вниманието на читателот од првата до последната страна. Романот „Симчо“ е раскажан едноставно и интересно и секако претставува едно од врвните остварувања на Велко Неделковски.[2]


Изданија

[уреди | уреди извор]
  1. Велко Неделковски, Симчо, Скопје, Арс ламина .
  2. Велко Неделковски, Симчо, Скопје, Детска радост, 1988
  3. Велко Неделковски, Симчо, Скопје, Арс ламина, 2021

Поврзано

[уреди | уреди извор]