Симфонија бр. 2 (Бетовен)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Симфонија во Д-мол
бр.2
од Лудвиг ван Бетовен
Портрет на композиторот во 1803 година, година на премиерата на симфонијата
Опус36
СтилКласичен период
Сочинето1801 (1801)–1802
Посветено наКарл Алоис, принцот Лихновски
Изведба5 април 1803 (1803-04-05): Виена
Ставовичетири

Симфонија бр. 2 во Д-мол, Оп 36 — симфонија во четири ставови напишана од Лудвиг ван Бетовен помеѓу 1801 и 1802 година. Делото е посветено на Карл Алоис, принцот Лихновски[1].

Историја[уреди | уреди извор]

Втората симфонија на Бетовен била компонирана за време на престојот на Бетовен во Хајлигенштад во 1802 година, во време кога неговата глувост станувала се поизразена. Делото беше премиерно изведено во Theater an der Wien во Виена на 5 април 1803 година, а го диригираше композиторот. За време на истиот концерт, биле изведени и Концертот за пијано бр.3 исто така премиерно.Тоа е едно од последните дела на Бетовен од раниот период.

Бетовен ја напиша Втората симфонија без стандарден менует; наместо тоа, скерцо , давајќи му на композицијата уште поголем опсег и енергија. Скерцото и финалето се исполнети со бетовенски енергични пресврти, кои ги шокираа сензибилитетот на многу современи критичари. Еден виенски критичар за „Zeitung fuer die elegante Welt“ (Весник за елегантниот свет) славно напишал за симфонијата дека тоа е „грозоморно згрчено, ранет змеј кој одбива да умре, но се грче во последните агонија и во четвртотостав, крвави до смрт."[2].

Ставови[уреди | уреди извор]

This symphony consists of four movements:

  1. Adagio molto, 3
    4
    Allegro con brio, 4
    4
    (D major)
  2. Larghetto, 3
    8
    (A major)
  3. Scherzo: Allegro, 3
    4
    (D major)
  4. Allegro molto, 2
    2
    (D major)

Типична изведба трае од 33 до 36 минути.

Облик и анализа[уреди | уреди извор]

Првиот став е соната Алегро кон брио. Започнува со силен воведен акорд кој веќе упатува на седмата симфонија на мајсторот. И тогаш, во силниот унисон на целиот оркестар, по што следи изложување на темите, веќе наидуваме на првите навестувања на Деветтата. Иако во овој став на соната тематскиот материјал има многу релјеф и помасовен звук, Бетовен се враќа на стилот на неговите претходници во изложувањето на темите, нивната елаборација и рекапитулација.

Вториот став е веселото и распеано Ларгето, кое комбинира интимност и мирна среќа.

Третиот став е конечно, вистинско скерцо. При едно брзо движење на страничните делови чувствуваме присуство на разиграни џуџиња, кои меѓусебно се плашат. За диригентите ова е особено интересно парче, бидејќи во него секоја нотна вредност треба да биде буквално темпирана. Централното трио изгледа мистично и веќе укажува на постапката од централниот дел на скерцото на Деветтата симфонија.

Четвртиот став, последниот Алегро, најпрво го продолжува нескротливото расположение на скерцо, а потоа се влева во типично олимписка веселост, која во својата весела завршница укажува на финалето на Осмата симфонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]